за

Кога парите не се проблем Porsche позлатува

Сопственото одделение за тјунирање на Porsche покажува што сé умее: Златен лак, карбонски панели, бандажи од 20 инчи. Потребна е само уште умешност да се преживее цената.

Швабите креираа специјална верзија на 911 Turbo дотерана според вкусот на куќните дизајнери од одделението Porsche Exclusive. Како што кажува името, ова одделение излегува во пресрет на ексклузивните желби на клиентите и го прави тоа што обично е специјалност на независните работилници за тјунирање. Место големите пари да им ги препушти ним, Porsche сам ги облагородува своите модели по желба на купувачите.

ptx2

Специјалниот 911 Turbo за демонстрација и убедување во сопствениот креативен потенцијал на Porsche Exclusive се разликува по златниот лак на каросеријата и по неколку поситни козметички зафати во надворешноста. Стаклата се дополнително затемнети, монтирани се алу-бандажи од 20 инчи со класичен изглед, напред светат биксенонски светла на затемнета основа, додека задните светла се под безбоен панел.

Внатрешноста е во два тона, во согласност со златната боја на каросеријата, во комбинација на сива и златна боја и опшивка за контраст. Вратите и средишната конзола се обложени со панели од карбонски влакна, а украсната опшивка продолжува и во вратите, седиштата, отворите за воздух и на воланот.

ptx3

Врз 3,8-литарскиот битурбо боксер со 520 КС не е интервенирано. За тоа нема потреба, а и не е пристојно ако производителот покаже дека е незадоволен од тоа што го има постигнато. Спринт за 3,4 секунди и крајна брзина од 315 километри на час и без тоа се вредности за кои што е потребна тркачка патека. Точната цена на демо возилото на Porsche Exclusive не се објавува, но зарем некој би приговорил за дополнителни десет или дваесет илјади евра покрај цената на основниот модел од 162.000 евра, без ДДВ?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston Martin повикува 17.590 возила во сервис

Британците откачуваат повторно: Боб-кар за возрасни деца