Клубот АДАК утврди пропусти во заштитата при страничен судир

Експертите на клубот АДАК спроведоа тестирање во коешто се покажа дека воздушните перници нудат недоволна заштита, патниците лизгаат под ременот или се повредуваат меѓусебно. При страничен судир има пропусти во заштитата на страната што е спротивно од судирот.

При страничен судир, кај повеќето возила се покажуваат пропусти во безбедноста за патниците што седат спротивно од страната на судирот. Тоа е заклучокот од последната серија тестови на АДАК. Според автомобилскиот клуб, при овој вид судир постои опасност возачот да излизга странично од ременот.

Актуелните воздушни перници не се предвидени за овој случај на напрегање. Тие се надувуваат, но не нудат заштита. Последица од тоа се значајни повреди на главата, градите, појасот и грбот, при удирање во таблата, во вратите или во делови од седиштата. Поради малата ширина на кабината, тоа претставува проблем првенствено кај малечките возила. Во најлош случај, возачот и совозачот удираат еден во друг и се повредуваат меѓусебно.

Истражувањата на АДАК покажаа дека при секој трет страничен судир со тешки последици, ударот се случил од страната на совозачот. Безбедносните системи, како ремените и воздушните перници, моментно се оптимирани за заштита при удар од страната на возачот.

Според експертите на АДАК, повредите може да се ублажат значително преку едноставни мери, како што е активирање на предзатегнувачите на ремените за предните седишта при страничен судир. На тој начин, телото на патниците останува цврсто припиено за седиштето и во случај на страничен судир, страничното поместување на телото се сведува на минимум и се спречува можниот контакт со совозачот и со делови од кабината.

Висока средишна конзола може да ја подобри заштитата при страничен судир

Во голем број случаи, средишните конзоли со поголема висина можат да придонесат за ублажување на последиците од судирот, затоа што телото се потпира на конзолата и се спречува опасното поместување на телото. Во иднина се размислува за средишни конзоли со вградени воздушни перници, коишто ќе спречат возачот при страничен судир да удри во совозачот или во совозачкото седиште.

За страничниот судир беа избрани два модела од компакт класата и еден родстер, со повисока средишна конзола. Се испитуваа најразлични положби при судирот и влијанието врз патниците, кога 1,3-тонска бариера удира од страната на совозачот со брзина од 50 и 65 километри на час.

АДАК веќе му укажа на безбедносните пропусти при тестот на европскиот конзорциум за краш тестови Euro NCAP. Овие сознанија на клубот би можеле да бидат вклучени во програмата за заштита на потрошувачите Euro NCAP во 2020 година и да го прошират сегашниот обем на тестирање на страничен судир.

[FAG id=25571]

Претходна објаваДесетте најважни дизајнерски трендови од салонот во Париз
Следна објаваRolls-Royce го отвора шестиот салон во Јапонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here