за

Клишеата за марките и за нивните возачи

Возачите на Porsche имаат многу пари, сопствениците на Saab се своеглави и сите учители возат Volvo – тоа се клишеата што произлегоа од една универзитетска студија. Не се далеку од вистината.

Постојат многубројни предрасуди околу автомобилите. Некои луѓе се убедени дека зад воланите на големите лимузини секогаш седат малечки возачи или дека бесно тјунираните автомобили им припаѓаат на фраеришта истетовирани од глава до петици. Научниците од Универзитетот Бохум сакаа да утврдат точно колку се издржани овие предрасуди и ја проверија веродостојноста на стереотипите преку анкета на 1.200 возачи.

Резултатите од студијата потврдија неколку клишеа. Така на пример, имиџот е најважен за возачите на германските премиум марки. Тие уживаат кога се во центарот на вниманието и го ценат квалитетот. Наспроти тоа, на возачите на Opel, Ford, Toyota или Renault, имиџот воопшто не им е важен.

Сопствениците на Audi, Mercedes и BMW се натпросечно информирани и имаат добри познавања од автомобилизмот. Во споредба со другите марки, возачите на Hyundai и Skoda помалку се интересираат и имаат послаби познавања. Најмалку заинтересирани се сопствениците на Mini или Peugeot.

Возачите на Chevrolet или Honda речиси воопшто не се интересираат за автомобилите и за дизајнот, но со нивните познавања сепак се во просекот. Постојат и контроверзни примери: Возачите на Jaguar се на второто место според интересот што го покажуваат за автомобилите, но имаат многу слаби познавања од автомобилизмот. Доколку нивниот избор не се раководи само според емоциите, туку и според техниката, тие најверојатно би возеле Porsche. Според анкетата, овие имаат голем интерес за нивниот автомобил, но и го познаваат истиот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Новиот Audi Q7 доаѓа во 2015 година

Женската петорка на Мак Аутостар ги испрати кошаркарите во Словенија