за

Кинескиот Great Wall ќе го претркува Jeep

Милијардерот Веи Џианџун си постави цел неговата марка на теренци Haval да го престигне Jeep како најпродавана марка на теренски возила во светот. Американците имаат четири години да се одбранат.

За постигнувањето на амбициозната цел, шефот на Great Wall стартуваше со изградба на развоен центар со површина колку 35 фудбалски игралишта, на оддалеченост од 160 километри од Пекинг. Бројот на инженери вработени во компанијата ќе се зголеми за 40 проценти и ќе надмине 10.000 лица.

Петтиот најбогат Кинез, вреден 6,6 милијарди долари според индексот на Блумберг, за Automotive News изјави дека сака „Haval да нуди најголема противвредност за парите. Повеќе сакаме да ги изненадиме нашите купувачи, отколку само да ги исполнуваме нивните очекувања.“

Лани Great Wall постигна рекордна заработка, со 90 проценти пораст во продажбата на спортски теренци.

Кинезите, сепак, ќе мораат да се соочат со фактот што во исто време расте и продажбата на Jeep. Американците лани продадоа двапати повеќе возила од повеќето конкуренти. Конкуренцијата во Кина дополнително ќе се заостри откако Jeep и Jaguar land Rover ќе стартуваат со локално производство, што ќе ги ослободи од царинските давачки во висина од 25 проценти.

Според годишниот извештај, Great Wall продал 279.856 возила во 2012, наспроти 316.000 возила на Land Rover и 701.626 возила на Jeep.

H6 е последниот модел на спортски теренец на марката Haval, дел од Great Wall Motors
H6 е последниот модел на спортски теренец на марката Haval, дел од Great Wall Motors

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Видео: Не ви се допаѓа кампување? Обидете се со глампување!

Новиот Audi A4 се подготвува за старт во 2014