Кинеската полиција откри шест банди кои се занимавале со илегален увоз на автомобили. Во последните три години биле увезени автомобили во вкупна вредност од 120 милиони евра.
Криминалните групи заедно внеле 3.000 возила на територијата на Кина, без истите да бидат пријавени или на каков било начин да бидат регистрирани при влегувањето во државата. Најголемиот дел од возилата се скапи модели на BMW, но има и многу примероци на Rolls-Royce. Шверцот со коли е исплатлив. Царината наплаќа 25 проценти увозна давачка за секој автомобил, на што се додаваат уште 17 проценти на име на данок, како и акциза во зависност од работната зафатнина на моторот. Вкупно се уапсени 54 членови на криминалните банди.