за

Кинезите меркаат за преземање три европски марки

Компанијата BAIC, која што произведува под лиценца за Daimler и Hyundai за кинескиот пазар, основаше одделение кое што ќе биде задолжено за привлекување на големите авто компании.

Во веста објавена на Automotive News се наведува дека банките за инвестиции идентификувале три авто производители со средна големина и со добар имиџ на марката, кои што ќе бидат можната цел на новоформираниот BAIC International Development Co. „Планираме да ги преземеме овие марки со средна големина во Европа, додека економијата стагнира, за да ги користиме нивните капацитети како производствена база за проширување“, изјави на конференција за печат Донг Хајанг, првиот човек на BAIC за ловот на нови марки.

BAIC односно Beijing Auto произведува возила на Daimler и Hyundai за кинескиот пазар. Производителот планира да постигне профит од околу 408 милиони долари од извозот, со продажба на 400.000 возила до 2020 година. Компанијата ќе произведува возила од „светска класа“ до 2025 година. Поранешниот дизајнер на Ferrari, Леонардо Фиораванти, ќе работи на подобрувањето на визуелниот имиџ на возилата на кинеската марка.

Државната компанија е под притисок од домашната конкуренција да се прошири на извозните пазари. Конкурентот SAIC го поседува британскиот MG Motor и произведува во  Лонгбриџ, Англија, додека Great Wall произведува неколку модели во новата фабрика во Бугарија, која што почна да работи уште во минатиот февруари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan ќе се трка на струја со 300 километри на час

Mercedes ќе го лови Porsche 911 со наследникот на SLS AMG