за

Кинезите купуваат најмногу автомобили

Во светот расте продажбата на автомобили. Најголем пораст бележат кинескиот и американскиот пазар. Во Западна Европа продажбата ќе биде под ланската.

До крајот на годинава во светот ќе се продадат 72,2 милиони автомобили, што претставува раст од пет проценти во споредба со минатата. Растот на глобално ниво доаѓа најмногу од САД и Кина. Според процените, пазарот во САД годинава ќе забележи раст од седум проценти, со 15,5 милиони возила. Уште поголем раст има кинескиот пазар, со плус од 21 проценти и вкупно 16 милиони автомобили, со што тој веќе прераснува во најголем пазар за автомобили во светот. Секој петти продаден автомобил во Кина носи лого на германска марка.

Заздравувањето на западноевропскиот пазар се одвива многу побавно. Со 11,4 милиони автомобили продажбата ќе забележи опаѓање од три проценти. Дури во втората половина на годинава почна да се бележи поголемо задвижување на европскиот пазар.

За следната година се очекува да продолжи позитивниот тренд во продажбата на автомобили. Според прогнозите, во 2014 година ќе следува раст од три проценти, со вкупно 74,7 милиони нови возила. Кинескиот пазар се предвидува да забележи плус од 7 проценти, со што ќе се надмине вредноста од 17 милиони продадени автомобили, додека САД ќе има плус од три проценти и вкупно 16 милиони продадени автомобили. За прв пат по четири години се очекува и продажбата на возила на европскиот пазар повторно да биде во плус, со 11,6 милиони возила, односно за два процента повеќе отколку годинава.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Golf VII е веќе половина милионер

Светски рекорд со Nissan Note: Литванец влечеше 12 автомобили