за

Кина ќе стане најголем пазар за Porsche

Превласта на САД како најголем единечен пазар за Porsche може да заврши веќе годинава или во почетокот на следната. Новиот пазар број 1 за спортската марка ќе биде Кина.

Во интервју за Automotive News, првиот човек на Porsche за продажба и маркетинг Бернхард Мајер, изјавува дека постои голема веројатност Кина да ги потисне САД на второто место уште во 2014 година, односно дека тоа со голема сигурност ќе се случи најдоцна во следната година.
Шефот исто така предвидува од новиот Macan годишно да се продаваат по 50.000 примероци во првата цела година на моделот. Спортскиот теренец на база на Audi Q5 ќе стартува со продажба во Европа во април, а од август и во САД и Кина. Под Macan и Boxster не се предвидуваат помали модели, односно тие ќе останат како почеток на моделската понуда на Porsche.

Проширувањето на моделската понуда со Macan и постојаното освежување на постоечката гама, како и воведувањето на врвни моделски изведби како Porsche 918 Spyder ќе придонесе марката од Цуфенхаузен да ја достигне планираната бројка од 200.000 возила на годишно ниво уште во 2015 година место како што се планираше првично, во 2018 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова доминација на Google: И автомобилите ќе работат на Android

Лав бодибилдер: Golf GTI е слабак покрај Seat Leon Cupra