за

Кина е најголем извозен пазар за Jeep

Не постои територија што Jeep не може да ја освои. Тоа важи и за продажбата. Новиот Cherokee доживува меѓународно деби токму во Шангај – затоа што Кина е најважен пазар за Jeep

Првото појавување на новата генерација на Jeep Cherokee пред автомобилската јавност, по официјалната премиера во Њујорк во минатиот месец е на салонот во Шангај. Продажбата на моделот во Кина, каде што место Cherokee ќе се користи моделската ознака Zi You Guang, планирано е да стартува кон крајот на годината.

Мајк Менли, шеф за регионот, објаснува колкаво е значењето на азиската земја за марката: „Кина е најголем пазар на Jeep надвор од САД и секое петто возило од сегментот на теренци од средната класа го продаваме во Кина. Оттука е сосема разбирливо што новиот Jeep Cherokee доживува меѓународно деби во Шангај“.

Како прв модел во сегментот со деветстепен автоматски менувач, Cherokee е за 30 проценти поштедлив од претходникот. Купувачите можат да избираат меѓу две варијанти на погонот на сите тркала, Jeep Active Drive I со класичен пренос и Jeep Active II со редуктор.

Американската марка забележа рекордни резултати во Кина во минатата година, со двојно зголемување на продажбата во споредба со годината пред тоа, а благодарение главно на одличната прифатеност на Jeep Compass. Марката Jeep беше прва која што стартуваше со заедничка инвестиција во Кина во 1983 година, со формирањето на Beijing Jeep Corporation. Тоа се покажа како одличен потег. Jeep е марка со најголем раст во волуменскиот сегмент на кинескиот пазар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Од сите диви мачки омилена ми е…

Новиот бензинец на Opel стартува во Zafira