за

Камионџии се изживуваат врз сибирска мечка, Русите згрозени

Рускиот народ е бесен на злоставувачите на животни кои со своите камиони се изживуваа врз мечка во Јакутија, во Сибир. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како ова моќно животно запаѓа во беспомошна ситуација кога големите теренски камиони со погон на шест тркала го гонат низ длабокиот сибирски снег. Еден од камионите на крајот на прегазува мечката, на очигледно задоволство на садистите. Тешкото возило неколкупати поминува преку животното, додека од камионот се слуша психопатско „срамни го со земја“. Но, и тоа не им е доволно, кога еден од злоставувачите утврдува дека мечката е жива и ја дотепува со метална шипка.

Секој нормален човек ќе се згрози од овој чин, но е очигледно дека убијците не се особено интелигентни. Тие го снимиле својот „лов на мечки“ во најзафрлените краишта на Сибир и потоа го објавиле видеото на социјалните мрежи. Русија не го простува изживувањето врз мечките, коишто се еден од националните симболи на земјата.

Државата веќе започна истражна постапка и министерството за природа и животна средина ќе се погрижи „злосторниците да бидат казнети најстрого, со затворска казна.“ Во замрзнатата пустелија не е проблем тие да се пронајдат. Камионите припаѓаат на фирма којашто истражува присуство на вредни суровини во подрачјето и служат за превоз на работниците од кампот до работната локација. Според акцентот, работниците се локални жители на Јакутија.

За садистичко изживување врз животни, во Русија следува затворска казна во траење од две години. Поради грозоморните глетки, снимката не ја објавуваме.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Третман со свежи клетки за Toyota Auris во новото моделско годиште

Визионерскиот Rinspeed Oasis е многу повеќе од „мобилна бавча“