за

Камионите на Volvo ќе возат на природен гас

Моторите во камионите на Volvo во иднина ќе согоруваат течен природен гас место дизел.

Volvo Trucks и Shell договорија соработка на светско ниво за користење на течен природен гас. Соработката на гигантите ќе овозможи целосно да се искористи потенцијалот на новата генерација на мотори на Volvo да согоруваат течен природен гас место дизел. Делот на Shell во соработката се однесува на изградба на потребната инфраструктура од станици за полнење на течен природен гас, кусо LNG. Првата фаза од соработката веќе започна во неколку земји во Централна Европа и во САД.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes ја става Америка под напон

Правосмукалка во опремата на Honda Odyssey