Календар на Mercedes со автомобили што не се автомобили

Во календарот на Mercedes-Benz Classic за 2017 година се најдоа мотиви што неверојатно личат на оригиналните автомобили. На уметничките фотографии на календарот насловен „Со страст и со мера“ се појавуваат легендарни класичари на марката од Штутгарт – смалени во размер 1:18.

аради пореалистичен впечаток, на некои од фотографираните автомобилчиња вештачки се додадени траги од користење и од атмосферски влијанија. Календарот чини 29,90 евра и може да се нарача уште веднаш во интернет продавницата на Mercedes-Benz Classic, на www.mercedes-benz-classic-store.com/classic-kalender-2017. Од крајот на октомври, календарот ќе биде достапен и во продавницата во музејот на Mercedes.

[FAG id=25876]

 

Претходна објаваНовиот Volkswagen Touareg се појави на скиците за патентирање
Следна објаваcar2go во Виена со 1.400 автомобили за изнајмување од улица