за

Како да не знаевме: Мажите гинат повеќе од жените

Анкета во ЕУ откри шокантни резултати. Повеќе од 75 проценти од жртвите во сообраќајот се мажи. Причините за тоа се пребрзото возење и алкохолот.

Истражувањето на европскиот совет за безбедност во сообраќајот откри дека од 30.400 жртви во сообраќајот во 27-те земји членки на ЕУ во 2011 година, повеќе од три четвртини се мажи, односно точно 76 проценти од жртвите. Истражувањето кое што денес е објавено во Брисел понатаму наведува дека најчести причини за незгоди се прекумерната брзина, а мажите се тие што возат пребрзо.

Од разликите во стилот на возење меѓу обата пола произлегува фактот што мажите во многу поголема мера стануваат жртви во сообраќајот. Мажите почесто влегуваат во опасност од жените и возат пребрзо. Алкохолот зад воланот исто така е чест проблем, додека пак, повозрасните жени почесто се наоѓаат под влијание на лекови и тоа е причината која што доведува до кобниот исход. Во споредба со мажите, жените во сообраќајот почесто се жртви како пешаци и на совозачкото седиште.

Авторите на истражувањето не исклучуваат дека разликите во резултатите меѓу половите може да произлегуваат и од поголемото учество на мажите во сообраќајот. Во секој случај останува фактот дека три од четири жртви во сообраќајот се мажи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повторно титула за Seat Leon

Наследникот на Lamborghini Gallardo ќе дебитира во Франкфурт