за

Казна од 740 милиони USD за добавувачи на авто индустријата

Девет јапонски фирми и двајца менаџери се обвинети затоа што договарале цени за повеќе од 30 компоненти што ги испорачувале на производителите на автомобили.

Фирмите и нивните менаџери ќе мораат во САД да платат казна од 740 милиони долари, односно 547 милиони евра, за нивните делови што се вградувале во повеќе од 25 милиони возила. Жртви на договорените цени меѓу фирмите добавувачи се домашните гиганти General Motors, Ford, Chrysler, но и Toyota и Nissan.

Највисока казна во висина од 195 милиони долари ќе плати Hitachi Automotive Systems, а потоа следува Mitsubishi Electric Corporation (Melco) со 190 милиони долари. Американските органи досега казнија 20 добавувачи и 21 менаџери и притоа наплатија парични казни во висина од 1,6 милијарда долари. Некои менаџери завршија и во затвор.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen планира спортски двосед со мотор од Ducati

Mercedes G-Class: Расте продажбата на теренскиот олдтајмер