за

Кабриолетот од Range Rover Evoque оди во серија

Шефовите на марката со теренците дадоа зелено светло за подготовка за сериско производство на отворената изведба на компактниот теренец Evoque. Продажбата ќе стартува напролет

Тоа што благородната марка од островот го најави со студискиот автомобил од салонот во Женева пред две години, наскоро ќе стане реалност. Range Rover Evoque Cabrio од следната пролет ќе се најде во продажните салони на марката, точно пред почетокот на сезоната. Инженерите на марката тврдат дека ќе бидат потребни само мали модификации во каросериската структура за да се задржи цврстината во отсуство на покривот.

[slideshow id=86]

Исто како кај студискиот автомобил, покривот целосно ќе се впушта во посебната преграда зад седиштата, која што се отвора со помош на електромотори, а за заштита на патниците при опасност од превртување ќе се користат челични лакови што излегуваат автоматски кога електрониката ќе препознае опасноста. За пристап до багажникот ќе се користи капак што се отвора надолу.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Smart се развива заедно со Renault

Новата Opel Insignia чита од прсти