за

И најкусото невнимание е предолго невнимание

Кусо одвлекување на вниманието, за проверка на вредностите на патниот компјутер или за меморирање на радио станица, може да има фатални последици. Ретко кој го има во предвид следното: Ако при возење со брзина од 130 километри на час, погледот се тргне од патот само четири секунди, за тоа време на слепо се возат 145 метри. Во последното тестирање, клубот ADAC укажува колку е опасно одвлекувањето на вниманието од возењето.

Лицата што учествуваа на тестирањето требаше да побараат одредена фреквенција и да ја меморираат радио станицата, да ја проверат просечната потрошувачка и да прочитаат уште колку километри преостануваат со горивото. Се мереше колку пати се оттргнува погледот од патот при ракувањето, како и вкупното време на возење без гледање на патот.

Најмногу внимание одзема барањето фреквенција. Во просек, на учесниците на тестирањето им беше потребно 11 пати да погледнат кон радиото, што значи дека вкупно 12 секунди возеле без да гледаат пред себе. Проверката на досегот во патниот компјутер бара 4,4 секунди и четири погледи. Најдолгото гледање во компјутерот траеше во просек подолго од две секунди, што при брзина од 50 километри на час значи изминат пат од 30 метри, односно шест паркирани возила. При 100 километри на час се веќе 55 метри на слепо.

Како заклучок од тестирањето, клубот потврдува дека одвлекувањето на вниманието од возењето е осма најчеста причина за незгода и советува да се одржува целосна концентрација на возењето.

Десетте најчести причини за незгода

1 Излетување од пат 17 %
2 Превисока брзина во свијок 9 %
3 Неправилно престигнување 7 %
4 Налетување во возило /
Недоволно растојание
6,5 %
5 Непочитување предимство 5,5 %
6 Излегување во спротивна лента 4,5 %
7 Неприспособена брзина 4,5 %
8 Невнимание 4,5 %
9 Удар во заштитна ограда 4,5
10 Извртување 3 %

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еден ќе утне и сите ќе трпат

Јајцемобил од иноваторите на Hyundai