Колку се важни автомобилите се гледа најдобро од следново. На презентацијата за медиуми на новиот Chevrolet Trax во Задар присуствуваше и американскиот амбасадор во Хрватска, Кенет Мертен.
Високиот гостин беше поздравен од Виџај Ијер, шеф на одделот за комуникации на марката, кој воедно го запозна амбасадорот со програмата на презентацијата што ќе трае во следните шест недели на брегот на Далмација. Ијер му врачи на амбасадорот и златен примерок од неуништливата фудбалска топка, изум на Chevrolet.
„Почестени сме што Chevrolet ја одбра Хрватска и прекрасното крајбрежје на Задар, како дестинација за лансирање на нивниот последен споертски теренец“, изјави амбасадорот Мертен.