за ,

Историјата на Mercedes на штанд од половина хектар

Пред официјалното претставување на новата класа S, Mercedes потсетува на долгата историја на моделот.

Марката со сребрената ѕвезда не може да отсуствува од салоните за олдтајмери, долга е историјата на Mercedes. За десетина денови почнува салонот Техно Класика во германскиот Есен, каде што Mercedes ќе ја прикаже целата моделска историја на знаменосецот, на штандот со површина од 4.500 метри квадратни. Тоа е голема историја!

Средишно место на штандот има „Принц Хајнрих Ваген“ од 1910 година, реставриран до перфекција во Mercedes. Овој автомобил ја симболизира историјата на марката во мотоспортот, но и компетентноста на Mercedes за повраток на старите автомобили во нов живот. Во светот постојат само два примерока од „возилото на Принцот Хајнрих“. Серијата од десет примероци од тркачкото возило на Mercedes беше конструирана за трката на Принц Хајнрих во 1910 година. Конкретното возило ја заврши трката на 11-то место. Неколку месеци подоцна возилото стартуваше и на трката на Цар Никола, со модифициран мотор, каков што и денес се наоѓа во возилото.

Трите следни примероци од збирката, Mercedes Simplex 60 PS (1904 г.), Nürburg 460 (1929) и Typ 770 (1931), сведочат за техничкиот напредок на Mercedes и на претходниците на класата Ѕ. Со вкупно 12 историски модели Mercedes го најавува пристигнувањето на серијата W 222, што ќе се случи налето.

[nggallery id=1]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Како да го продадете возилото

Mitsubishi во природна средина