Индиски суперавтомобил со хибриден погон против McLaren & Co

Индија ја доби новата марка суперспортски автомобили Mean Metal Motors. Компанијата планира да го освојува светот со суперспортскиот M-Zero со хибриден погон и револуционерен материјал за каросеријата.

За погонот во новиот суперспортски автомобил од Индија се грижи четирилитарски мотор V8 со битурбо натполнење и 500 КС, заедно со електромотор со 250 КС. Во марката Mean Metal Motors се особено горди на новиот материјал што ќе се користи во M-Zero. Името на овој материјал е карбо-флакс, кој е полесен од карбонските влакна, но чини само една десетина од скапиот материјал што обично го користат само најголемите производители на суперспортски автомобили.

Крајна брзина 320 километри на час, забрзување до сто за помалку од три секунди

Со системска моќност од преку 700 КС, во комбинација со ниската тежина на каросеријата, M-Zero ќе забрзува до сто за помалку од три секунди, а крајната брзина би изнесувала 320 km/h. Индиските суперспортисти планираат да користат препознавање на отпечаток од прст за отклучување на вратите и стартување на возилото, со дополнителна можност електрониката да одреди различен профил за секој регистриран корисник, односно за секој регистриран отпечаток на корисникот.

Планот е автомобилот да биде претставен пред светот на салонот во Париз во октомври 2016. Цената на хибридниот суперспортист од Индија би изнесувала до 150.000 долари. Најголемиот проблем на компанијата е тоа што проектот треба прво да заживее од компјутерски цртеж во реалноста.

Претходна објаваДизел моторот се повлекува од помалите автомобили
Следна објаваОвие роботи ќе доставуваат нарачки директно до домот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here