за

Израелскиот парламент вози Opel

Членовите на израелскиот Кнесет, добија Opel како службен автомобил. Педесет од 120 членови на парламентот возат Insignia на нивните службени патувања.

Увозникот Шломо Груп победи на тендерот за обновување на возниот парк на Кнесетот. Првите 25 автомобили за претставниците на парламентот се испорачани денес. „Израелскиот пазар има важна улога во нашата извозна офанзива. Фактот што победивме на тендедот за членовите на парламентот, група на важни политички водачи, претставува импресивна потврда за успехот на нашата марка во Израел“, оценува Јирген Кнелер, директор за меѓународните пазари на Opel.

Во соработка со Шломо Груп, Opel започна со активностите за зајакнување на присуството на марката на израелскиот пазар во 2011 година. Како ексклузивен увозник, Шломо има развиено широка мрежа од осум продажни центри и 14 сервисни работилници. Во минатата година се продадоа околу 5.000 нови возила на Opel во Израел.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7.000.000 примероци на Ford Fiesta од Келн

Volvo ветува полнење на батериите за 1,5 час