за

Извештај на TUV: Кои модели се расипуваат најмалку, кои најмногу?

Opel Meriva, Mazda 2, Porsche 911 и Toyota Prius имаат најмалку дефекти. Последниот извештај за дефекти носи добри вести за некои марки, разочарувања за други.

Opel Meriva, Toyota Prius и Porsche 911 се трите победници во последниот извештај на дефекти на TUV, германското Здружение за техничка проверка. Овој своевиден водич за купување користено возило што Здружението редовно го објавува секоја година се базира врз техничките прегледи на осум милиони возила и вкупно 217 модели. Околу 60 проценти од возилата го минале техничкиот преглед без позначајни дефекти. Тоа се осум проценти повеќе возила отколку во минатогодишниот извештај, но од друга страна се зголемил бројот на возила со сериозни дефекти. Една четвртина од возилата не минале од прв пат на техничкиот преглед.

Како и вообичаено, германските возила се на првите места во извештајот за користенив озила. Во категоријата на возила стари меѓу две и три години, по шампионот Opel Meriva следат Porsche 911, BMW Z4, Audi Q5 и A3, како и Mercedes GLK. Грижливото одржување од страна на сопствениците е дополнителен фактор за тоа што Porsche 911 од типот 996 е воедно најдобро пласиран и во категоријата на возила меѓу девет и единаесет години.

Во секоја старосна категорија на првите места редовно се појавува модел на Toyota. Хибридот Prius е победник меѓу четири и петгодишните возила, како и возилата стари меѓу меѓу шест и седум години. Моделите iQ, Auris, Corolla Verso и RAV4 исто така се меѓу десетте најдобро пласирани модели во секоја категорија на старост. На првите десет места во сите категории се вкупно 26 германски и 25 јапонски модели, меѓу кои и Mazda MX-5 или Mazda2.

На долниот крај на статистиката се неколку стари познајници. Техничките експерти на TUV дадоа лоши оцени за Dacia. Секој петти Dacia Logan не минува од прва на технички преглед, а секој четврти од вториот обид. Chrysler PT Cruiser ги одбрани последните две места од минатата година во старосната категорија на возила меѓу шест и седум, како и десет и единаесет години.

Но, постојат и неколку германски модели што не минуваат славно во оваа статистика на дефекти. На технички преглед не минуваат 42,7 проценти од примероците од класата M на Mercedes стари повеќе од девет години. Не е изненадување тоа што со зголемувањето на староста на возилото расте и бројот на дефекти што се решавачки за безбедноста. Кај возилата од старосната категорија меѓу десет и единаесет години, секое трето возило не добива зелено светло од техничарите, додека кај возилата што се стари меѓу две и три години, тоа се случува само кај секое десето возило.

Десетте најдобри и најлоши возила во сите старосни категории

До 3 години

1. Opel Meriva  4,2 %

2. Mazda 2        4,6 %

3. Toyota IQ      4,8 %

4. Porsche 911  5,2 %

5. BMW Z4        5,5 %

5. Audi Q5        5,5 %

7. Audi A3         5,6 %

7. Mercedes Benz GLK 5,6 %

9. Toyota Avensis         5,7 %

9. Mazda 3        5,7 %

121. Fiat Punto  14,5%

121. Chevrolet Aveo      14,5%

123. VW Sharan            14,7%

124. Citroen C4 Picasso            15,2%

125. Alfa Romeo 159     15,4%

126. Fiat Bravo  15,7%

127. Chevrolet Matiz      16,1%

128. Citroen C4 16,6%

129. Fiat Panda 17,1%

130. DaciaLogan          19,4%

 

До 5 години

1. Toyota Prius  7,3 %

2. Ford Kuga     7,8 %

3. Porsche Cayenne      8,1 %

3. VW Golf Plus 8,1 %

5. VW Passat CC           8,4 %

6. Audi A4         8,7 %

7. VW Tiguan    8,8 %

8. Toyota Auris  9,1 %

9. Porsche 911  9,2 %

10. Mazda 2      9,3 %

113. Chevrolet Captiva   22,1%

114. Ford Ka     22,8%

115. Fiat Panda 23,3%

116. Renault Kangoo     23,8%

117. Citroen Berlingo     24,2%

117. Seat Ibiza  24,2%

119. Chevrolet Matiz      24,7%

120. Fiat Doblo  25,3%

121. Citroen C4 25,5%

122. DaciaLogan          28,9%

 

До 7 години

1. Toyota Prius  9,9%

2. Porsche 911  11,1%

3. Mazda 2        12,1%

4. VW Golf Plus 12,4%

5. Mazda MX-5  12,8%

6. Toyota Corolla Verso 13,4%

7. Toyota RAV4 13,6%

8. Honda Civic  13,7%

9. Toyota Yaris  13,9%

10. Mercedes SLK        14,3%

104. Alfa Romeo 147     29,7%

105. Renault Megane     29,9%

106. Fiat Punto  30,4%

107. Peugeot 307          30,6%

108. Renault Laguna      32,6%

108. Fiat Stilo    32,6%

109. Renault Kangoo     33,2%

111. DaciaLogan          33,8%

112. Fiat Doblo  33,9%

113. Chrysler PT Cruiser            37,7%

 

До 9 години

1. Porsche 911  10,3%

2. Toyota Corolla Verso 14,5%

3. Toyota RAV4 16,2%

4. VW Golf Plus 17,5%

5. Toyota Avensis         17,9%

6. Honda Jazz   18,2%

7. Mazda MX-5  19,0%

8. Toyota Corolla           19,4%

9. Mercedes SLK          19,5%

10. Ford Focus C-Max   19,6%

86. Renault Kangoo       36,8%

87. Chevrolet Matiz        37,0%

88. VW Sharan  37,3%

89. Ford Galaxy            37,5%

90. Alfa Romeo 147       37,9%

91. Alfa Romeo 156       38,2%

92. Renault Laguna        38,9%

93. Chrysler PT Cruiser  40,3%

94. Fiat Stilo      41,2%

95. Mercedes класа M  42,7%

 

До 11 години

1. Porsche 911  12,8%

2. Toyota RAV4 18,5%

3. Toyota Corolla           21,5%

4. Toyota Yaris  22,4%

5. Honda Jazz   23,1%

6. Mazda MX-5  23,4%

7. Mercedes SLK          24,4%

8. VW Golf IV    25,4%

9. Ford Fusion  27,5%

10. Audi TT       27,8%

69. Alfa Romeo 147       41,9%

70. Renault Kangoo       42,1%

71. Renault Laguna        42,2%

72. Alfa Romeo 156       42,5%

73. Mini 42,6 %

74. VW Sharan  42,9 %

75. Ford Ka       43,3 %

76. Fiat Stilo      43,8 %

77. Ford Galaxy            44,2 %

78. Chrysler  PT Cruiser 45,1 %

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Почна производството на Mercedes GLA

Светот вози јапонски коли, а што возат Јапонците?