за

Идејата за заменливи батерии на Renault пропадна

Французите имаа различно решение за погонот на струја. Место да се чека батериите да се наполнат, тие имаа идеја испразнетите батерии да се заменуваат со полни. Исто како при полнење гориво. Но, идејата не успеа.

Израелската компанија Better Place имаше револуционерно решение за автомобилите на струја. Празните батерии се заменуваа со полни во посебно изградени станици за замена, слично како со обичен автомобил се оди да се наполни гориво во резервоарот. Renault се одушеви од решението на Израелците и беше најверен партнер на Израелците. Автомобилот со погон на струја Fluence ZE е дури и посебно конструиран за концептот со заменливи батерии на Better Place. Но, партнерството полека згаснува.

Шефот на Renault-Nissan, Карлос Гон, изјави дека по Fluence ZE не планира да развива друг модел со заменливи батерии, „тие не се во тренд, повеќе се бараат батерии за полнење. На луѓето им е потребна флексибилност и во нивните автомобили бараат батерии што се полнат.

Renault Fluence ZE е единствениот електро автомобил чии што батерии се заменуваат во станиците на Better Place. Израелците се надеваа дека и новиот Renault Zoe, кој е моментно најпродаван автомобил на струја во Франција, исто така ќе биде приспособен според концептот на Better Place, но Французите се решија за класична техника. Меѓу другото, во Франција веќе се поставени многубројни станици за брзо полнење.

Партнерството со Better Place продолжува, но во ограничени услови. Доколку Better Place има клиенти што се заинтересирани за концептот со заменливи батерии, Французите ќе им го испорачаат Fluence ZE. Освен во Израел, концептот на Better Place досега се реализираше само во Данска и во Холандија. На аеродромот Шифол циркулира пробен возен парк од десет такси возила на Renault Fluence ZE.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Mitsubishi Outlander е најбезбеден според тестирањата во Јапонија

Толку се плаќа за патарина и вињета во европските држави