за

Зошто банкротираше Детроит, градот на автомобилите?

Банкротираше метрополата на автомобилите Детроит, тоа е светска вест број еден. Градот на автомобилите банкротираше затоа што тој повеќе не е град на автомобилите.

Падот на градот во сојузната држава Мичиген отпочна откако производителите почнаа да се иселуваат од градот. Тоа повлече и силен миграциски бран на вработените, кои соодвенто мораа да го променат своето живеалиште во близина на новите фабрики и главните администрациски центри. На крајот, бројот на жители се намали од 1,2 милион на само 700.000. Во градот не останаа најбогатите и најмоќните, туку првенствено тие што не можеа да си дозволат напуштање на градот. Напорите за повторно заживување на градот со испразнетите висококатници од златните дваесетти години не вродија плод. Речиси е неверојатно, една третина од жителите се сиромашни, а стапката на невработеност изнесува 40 проценти.

[one_half]Ford се пресели во Дирборн, Chrysler во Обурн Хилс, единствено General Motors се пресели во ренесансниот центар на градот. Затоа, пак, старата централа во некогашниот бизнис кварт зјае празна. Истата слика се прикажува и кај другите производители, но и кај добавувачите, кои мораа да го следат трендот на миграција на авто фабриките од Детроит. Повеќето од нив, под притисок на моќните и агресивни синдикати и скапата работна сила, се иселени дури и од сојузната држава Мичиген.[/one_half]

[one_half_last]detroit 3[/one_half_last]

Повеќето фабрики се препуштени на влијанието на природата и пропаѓаат. Тоа стана главно обележје на Детроит, кое отстапува целосно од сликата која што се гледа кога се отвора салонот на автомобили во Детроит.

detroit 2
detroit 4

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Русија ќе стане најголем европски пазар до 2020

Corvette доаѓа да ги мами погледите по европските патишта