за

Зборувачки автомобили наскоро во серија

Автомобилите што зборуваат беа топ тема кај студиските возила во 1980-те години, а наскоро ќе станат реалност и во сериските автомобили. Целта е да се подобри безбедноста на патиштата.

Сегашната технологија за предупредување од опасност тешко дека може да се нарече технологија. Триаглести знаци со црвен раб и симбол на човек што работи навестуваат дека по некое време ќе се наиде на поправка на патот и советуваат да се смали брзината. Место преку знаци покрај патот, овие информации ќе може во блиска иднина да се добиваат и директно на дисплеј во кокпитот. Дополнителна можност е тоа што овие информации ќе се разменуваат меѓу автомобилите, односно возилото што е назад навреме ќе добие предупредување за пречка на патот или за автомобил кај кого што системот регистрирал силно сопирање што наведува на опасност.

Автомобилите ќе бидат поврзани преку интернет со сообраќајните централи и ќе им пренесуваат информации за застои на патот или за опасност, за автомобилите што се назад на патот побрзо да добијат предупредување и да го смалат темпото. Сé што е потребно од дополнителна техника е чип за безжична врска. Оваа технологија се нарекува C2X, скратено од Car to X, односно комуникација меѓу автомобили и со сообраќајната централа.

Според актуелните планови, овие чипови ќе почнат да се вградуваат во возилата од сериско производство веќе од 2015 година. Цената на чипот нема да влијае на цената на возилото. Постојано променлив код ќе ги штити автомобилите со вграден чип од опасност од софтверски напад и злоупотреба на технологијата. Иновативната технологија прво ќе се појави во возилата од поскапите сегменти.

Сообраќајната централа ќе може да ја менува дистрибуираната информација за препорачаната брзина според густината на сообраќајот, а дополнително ќе информира и за преостанатиот пат и време до крајот на местото на поправка на патот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

General Motors продаде повеќе возила во Кина од Volkswagen

Формулата на Ford со еднолитарски мотор се покажа на Гудвуд