За сонот за Bentley да биде пореалистичен

Благородната британска марка се грижи нејзините клиенти во секое време да се чувствуваат возвишено. Bentley креираше колекција од домашен мебел, врвен и кралски, какви што се и неговите автомобили.

Како што возилата на Bentley оставаат посебен печат со изработката и со материјалите, така и мебелот од Bentley Home collection се разликува од тоа што обичните смртници го подразбираат под мебел. Ексклузивната колекција ги спојува елементите на традиционалниот и модерниот дизајн, нуди врвна функционалност и комфор, и ги предизвикува сите сетила со чувството на квалитет.

За цената не се зборува кога е во прашање Bentley. Во секој случај, мебелот е поскап од сé што досега се нудело на пазарот, но за утеха, сé уште е поевтин од автомобилите на марката. Парче мебел може да биде и мошне корисно, ако за ништо друго, тогаш барем за соништата за Bentley да бидат пореални во кревет со знакот на Bentley.

Гарнитури за седење Richmond

73189bm-5

Трпезариски маси Madeley & Kendal

73189bm-4

Комоди Sherbourne & Kingsbridge

73189bm-3

Кафе маса Harlow

73189bm-2

Кревет Canterbury

73189bm-1

Претходна објаваDacia им продаде 300.000 возила на Германците
Следна објаваЗаживува продажбата во Шпанија: 50.000 нови регистрации во септември

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here