за ,

Загадениот воздух ќе усмрти 210.000 лица во 2030 година

аерозагаденоста скопје македонија

Доколку не се преземат мери за воведување на Euro 6 на глобално ниво, во 2030 година од предвремена смрт поради загадениот воздух би умирале 70 проценти повеќе луѓе во светот.

Регулативата за унапредување на технологијата во Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Јапонија резултираа во високо ефикасна контрола на емисијата на возилата. Напредната технологија за пречистување на издувните гасови, во комбинација со модификација на моторите и дизелско гориво со ултраниска содржина на сулфур (помалку од 10 честички сулфур на милион), може да ја намали емисијата на честички за 99 проценти во споредба со моторите што не ја поседуваат истата.

Стандардите на ЕУ и подеднакво строгите стандарди во САД, Канада и Јапонија, бараат сите новопродадени возила да ја поседуваат оваа технологија. Во земјите што ги имаат воведено строгите стандарди, влијанието на емисијата од возилата врз здравјето се очекува да се намали до 2030 година, исто како и емисијата на краткотрајните загадувачи на животната средина, меѓу кои се и честичките чад.

Голем број земји во светот ја усвоија политиката на европската регулатива, но не и стандардот Euro 6/VI, последното и најстрого ниво на регулирање. Според студијата што ја објавува Меѓународниот совет за чист транспорт, доколку не се променат тековните трендови во регулирањето на сообраќајот, бројот на случаи на предвремена смрт од емисијата на честички ПМ2,5 од возилата ќе се зголеми за 70 проценти до 2030 година. Наспроти тоа, доколку сите земји го следат забрзаниот план за регулирање на емисијата од возилата и ги воведат стандардите Euro 6/VI, заедно со лимитирање на содржината на сулфур на 10 до 15 честички на милион, предвремената смрт ќе се намали за 75 проценти до 2030 година, односно ќе се постигне кумулативно зголемување на животното доба за 25 години.

За земјите кои сé уште се далеку од постигнување на стандарди еквивалентни на Euro 6/VI, воведувањето на Euro 4/IV и горива со 50 ppm сулфур ќе придонесе за задоволително подобрување на климатскиот импакт на емисијата од сообраќајот.

Колку Македонија треба да биде загрижена?

Според последните мерења, Министерството ги објавува следните податоци за емисијата на честички PM10:

Надминувања до: 05-11-2013 00:00

Станица Последно надминување Концентрација (µg/m3) Вкупен број Дозволен број
Центар 2013-11-04 131.4 121 35
Карпош 2013-11-04 130.6 84 35
Лисиче 2013-11-04 181.7 147 35
Гази Баба 2013-08-10 53.1 130 35
Ректорат 2013-11-04 160.7 107 35
Миладиновци 2013-11-04 81.7 46 35
Мршевци 0 35
Битола 1 2013-11-04 67.4 120 35
Битола 2 0 35
Кичево 2013-11-04 80.1 186 35
Лазарополе 2013-10-08 66.3 20 35
Тетово 2013-11-04 242.2 281 35
Велес 1 0 35
Велес 2 2013-10-21 51.7 117 35
Кочани 2013-03-18 58.4 27 35
Кавадарци 2013-05-30 74.9 126 35
Куманово 0 35

Според овие резултати, Македонија е на исто рамниште со земјите од најнеразвиените региони на Средниот Исток и во Азискиот-Пацифик. Актуелно, во Македонија се почитува стандардот Euro 3 од 2000 година.

Што друго открива студијата на Меѓународниот совет за чист транспорт?

  • 50 проценти од емисијата од возила во урбаните средини и од штетните последици врз здравјето се во регионите на кои што отпаѓаат само 15 проценти од глобалниот сообраќај, како што се Средниот Исток, Африка и Азиско-Пацифичкиот регион.
  • Камионите и автобусите со дизелски мотор, особено оние со минимална контрола на емисијата, предизвикуваат повеќе од 80 проценти од глобалната емисија на ситни честички и азотни оксиди од патниот сообраќај.
  • Забрзаното усвојување на најстроги стандарди за горива и возила во земјите што моментно не го подржуваат стандардот Euro 6/VI или американската регулатива Tier 3, ќе спречи 210.000 случаи на предвремена смрт во 2030 година.
  • Забрзаното воведување на строгите стандарди за емисија само во Кина и Индија би спречило 90.000 случаи на предвремена смрт во 2030 година, односно половина од глобалното ниво.

Сценарио на здравствениот бенефит од забрзаното воведување на строгите стандарди за издувни гасови од возилата

Број на спречени случаи на предвремена смрт со воведувањето на Euro 6/VI

  2015 2020 2025 2030
Африка 2.496 6.731 16.535 25.308
Азија-Пацифик-40 616 4.614 17.201 33.577
Австралија 50 108 154
Бразил 941 1.629 2.412
Канада 2 5 8
Кина 343 6.994 21.021 40.584
ЕУ-28 0
Индија 525 10.835 27.467 48.471
Јапонија 13 73 136
Латинска Америка-31 1.327 3.035 7.524 13.738
Мексико 2.243 4.650 6.882
Среден Исток 3.328 11.332 20.513 32.588
Европски земји надвор од ЕУ 42 1.331 2.653 3.745
Русија 27 502 1.701 2.625
Јужна Кореја 191 411 653
САД 21 49 83
         
Глобално 8.705 48.836 121.538 210.963

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тие ќе се натпреваруваат за светски автомобил на годината

Jaguar F-Type Coupe: Жешка мачка со стаклен покрив