за

Женската петорка на Мак Аутостар ги испрати кошаркарите во Словенија

Традиционално, за среќно испраќање и успех на претстојното европско првенство, македонската кошаркарска репрезентација се обрати од просториите на Mitsubishi Motors. „Оваа традиција продолжува и постои мало суеверие меѓу нас дека кога од Мак Аутостар тргнуваме за некој турнир, тоа ни носи среќа“, изјави директорот на репрезентациите на МКФ, Илија Мерџановски.

На денешната прес конференција, на интересен начин се појави „женската петорка“ на Мак Аутостар која на македонските кошаркари им посака повторно да и донесат успех на Македонија, како оној од пред две години во Литванија. „Да им дадеме силна поддршка, заедно со вас медиумите и сите верни навивачи на една од најуспешните приказни на Македонија, на кошаркарските херои. Навистина е големо задоволството за нашата компанија, да се биде дел од овие моменти“, изјави директорот на Маркетинг на Mitsubishi Motors Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.

„Благодарни сме на Мак Аутостар што сиве овие години не следат, ние сме подготвени и одиме на успех, изјави Предраг Самарџиски. Селекторот на македонската репрезентација, Алеш Пипан изјави дека а нашата екипа е подготвена, а во Словенија барем 10-тина национални екипи очекуваат висок пласман на турнирот“.

Европското првенство во кошарка се одржува од 4-ти до 22-ри септември во Словенија, а нашата репрезентација во првиот круг натпревари ќе се натпреварува со репрезентациите на Црна Гора, Литванија, Србија, Босна и Херцеговина и Латвија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Клишеата за марките и за нивните возачи

Fiat 500 се разладува во водите во Калифорнија