Женева 2015: Lotus Evora 400 е најбрзиот модел на Британците

Lotus Evora 400

Lotus премиерно го прикажа новиот Evora 400 на салонот во Женева, како најбрз сериски модел во историјата на спортската марка од островот. Бројката во ознаката ја означува моќноста на моторот, 400 КС. Со таа моќност, Evora 400 забрзува за 4,2 секунди до сто и постигнува крајна брзина од 300 километри на час. Моторот е трилитарски со конфигурација V6, со вртежен момент од 410 њутнметри. Evora 400 користи нова шасија изработена од алуминиум и во споредба со останатите модели во гамата располага со посебни делови со лесна конструкција во предниот и задниот дел од возилото, како и со посебно изведен ентериер. Испораката ќе стартува во август.

Претходна објаваЖенева 2015: Suzuki најавува нов модел за почетокот на следната година
Следна објаваЖенева 2015: Kia Sportspace е идното големо комби на Корејците

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here