за

ЕУ ја тужи Русија за специјалните давачки за возила од увоз

Европската Унија поднесе тужба против Русија пред Судот на Светската трговска организација поради воведувањето на посебна акциза за возила од увоз.

За прв пат од приемот во Светската трговска организација, Русија се соочува со тужба од Европската Унија. Проблемот е во воведувањето на специјална давачка која што има цел да го заштити сопственото производство на автомобили во земјата. ЕУ денес ја поднесе тужбата поради дополнително даночно оптоварување на потрошувачите пред Судот на СТО.

Европските производители се чувствуваат загрозени од воведувањето на новата давачка. Основната стапка по возило изнесува 20.000 рубљи, односно околу 500 евра. Домашните производители се ослободени од давачката. По критиката на ЕУ, Русија предложи за домашните производители исто така да важи дополнителната такса. Од приемот во СТО во минатата година, Русија постојано се конфронтира со забелешки дека не се придржува кон правилата на организацијата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ете зошто Mercedes: 60 години на најславниот Mercedes во Македонија

Брзо полнење на батериите без кабел