Европската Унија притиска производителите да даваат пореални вредности за потрошувачката на гориво на возилата. Од 2017 година се планира воведување на нова постапка за мерење на потрошувачката.
Комисијата за животна средина на Европскиот парламент бара од 2017 година да се воведат нови мерни постапки со кои што ќе се добијат пореални вредности за потрошувачката на гориво на автомобилите. Се очекува уште согласноста од Европскиот совет. Според одлуката на Комисијата, тогаш ќе стапи на сила таканаречениот циклус WLTP, како кратенка од World Light Duty Test Procedure, односно процедура за тестирање на лесни и доставни возила, која што ќе важи глобално. Новата процедура ќе предвидува повеќе забрзувања и симулирани возења по автопат, со што потрошувачката ќе се приближи повеќе до реалните вредности отколку актуелниот европски циклус на возење NEDC.
Со циклусот WLTP се намалува влијанието на одредени технички мери врз потрошувачката. Така, на пример, поради помалиот удел на временскиот период во кој што мирува возилото се намалува влијанието на системот старт стоп. Големите производители на возила сметаат дека ЕУ реагира пребрзо и бараат одложување на стапувањето во сила на новиот циклус. Тие, сепак, се единствени што го бранат овој став. Потрошувачите имаат право да знаат колку точно гориво троши нивниот иден автомобил. Судовите веќе донесоа неколку пресуди во корист на потрошувачите кои се пожалија на нереалните вредности на потрошувачката.