за

Естонија е Елдорадо на електричните автомобили

Бившата советска република заврши со поставувањето на 165 полначи за струја. Покриена е секоја општина со повеќе од 5.000 жители, на секои 60 километри има по еден полнач.

Естонија е првата земја во светот што има изградено мрежа од станици за полнење струја во електричните автомобили на целата своја територија. Неодамна заврши поставувањето на 165 станици за полнење на нејзината територија, на кои што батериите на автомобилите на струја може да се наполнат за 15 до 30 минути, до 80-процентна наполнетост. Во секоја општина со повеќе од 5.000 жители и на сите главни магистрали на оддалеченост од најмногу 60 километри постои по еден полнач за батериите на електромобилите.

За соодветно да се зголеми и возниот парк на возила на струја, Естонија посегнуваа длабоко во џебот. Приватните купувачи добиваат субвенција во висина до 50 проценти и најмногу 18.000 евра при купување автомобил на струја. На фирмите им се враќаат повеќе од 18.000 евра, но тука државата надоместува за 35 проценти од вредноста на возилото.

Државата продолжува да инвестира во проширување на мрежата од полначи и меѓу другото им плаќа на сопствениците на електричен автомобил 1.000 евра за поставување полнач за струја пред нивниот дом. Застапеноста на возила на струја во Естонија е најголема во светот, само Норвешка е понапредна. Но, бројот на возила сé уште е незначителен. На крајот на 2012 година во земјата беа регистрирани само 619 електромобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Maserati со конкурент за серијата 5 на BMW

Шефот потврди: Seat ќе прави теренец