за ,

Електричниот Volkswagen Up чини 26.900 евра

Ерата на електричниот погон во Volkswagen стартува многу порано од очекувањата. Првиот електромобил од Волфсбург е базиран на малечкиот Up и троши 11,7 kWh на 100 km, што чини 24 денари.

Volkswagen ќе го претстави својот прв електричен автомобил на салонот во Франкфурт, а неговата продажба ќе стартува веќе во следниот месец по цена од 26.900 евра, вклучувајќи ги батериите. Стратезите vw e-up 4на марката не очекуваат возилото да предизвика револуција на пазарот, но се надеваат дека по развојот на инфраструктурата од станици за полнење чистиот Up ќе стане првиот народен електромобил на европскиот пзар.

Благодарение на иновативните решенија, e-up! постигнува ниска потрошувачка на струја, односно за 100 километри му се потребни 11,7 киловатчасови. Како ориентација, при македонска цена на евтина тарифа од 2,03 денари за киловатчас, полнењето на батериите кај нас би чинело 24 денари. За уште подобра ориентација, тоа значи дека e-up! вози сто километри за 24 денари, додека бензинската верзија на up! за истиот пат би потрошила 4,5 литри гориво, што би чинело 376 денари.

vw e-up 2

Ниската потрошувачка на струја произлегува од одличната вредност на коефициентот на отпор на воздух за оваа класа од 0,308, од гумите со намален отпор при тркалање, ефикасниот систем за повраток на енергијата при сопирање и штедливата работа на автоматскиот клима уред.

vw e-up 3

Погонот на e-up! се состои од електромотор со моќност од 82 КС, литиум јонски батерии поставени меѓу оските и контролна електроника. Силата од електромоторот се пренесува на предните тркала преку едностепен преносник. Крајната брзина е ограничена на 130 километри на час, а максималниот досег изнесува 160 километри. Возачот може да влијае врз досегот преку избирање на еден од трите профили за возење и пет степени на повраток на енергијата при сопирање.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford ја стартува продажбата на EcoSport преку фејсбук

Smart Fourjoy: Возило за четворица мудри