за ,

Електричниот Nissan Leaf и натаму е најпродаван автомобил во Норвешка

Скандинавците дефинитивно се решени да се откажат од нафтата. Nissan Leaf е најпродаван модел во Норвешка и во октомври.

Најпродаваниот електричен автомобил на светот за прв пат се искачи на првото место на продажбата на возила во Норвешка. Во минатиот месец, Nissan Leaf се продаде повеќе од кој било модел со мотор со внатрешно согорување, хибриден или електричен погон и постигна учество на пазарот со 6 проценти. За десетте месеци од 2013, Leaf е четврти најпродаван модел на норвешкиот пазар, кој постепено прераснува во најважен пазар за електрични возила на глобално ниво. Продажбата порасна особено по стартот на втората генерација на електричниот модел на Nissan во средината од оваа година.

Норвешка ги ослободува електричните автомобили од ДДВ, од патарина, дозволува тие да ја користат лентата за јавниот сообраќај за побрзо пробивање низ градскиот метеж и овозможува бесплатно паркирање.

Продажба на возила во Норвешка за октомври 2013

Место Модел Продажба Учество во %
1 Nissan LEAF 716 5.6
2 Toyota Auris 679 5.3
3 Volkswagen Golf 646 5.0
4 Skoda Octavia 540 4.2
5 Toyota Yaris 446 3.5
6 Volvo V40 319 2.5
7 Toyota RAV-4 300 2.3
8 Mazda CX-5 299 2.3
9 Volvo V70 291 2.3
10 Suzuki SX4 277 2.1

Продажба на возила во Норвешка од јануари до октомври 2013

Место Модел Продажба Учество во %
1 Volkswagen Golf 6239 5.3
2 Toyota Auris 3982 3.4
3 Mazda CX-5 3950 3.3
4 Nissan LEAF 3755 3.2
5 Toyota Yaris 3656 3.1

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Салон во Токио: Домашниот терен му лежи на Mitsubishi

Reboot Buggy: Оваа кола нема ништо, а има сé