за ,

Електричниот Nissan Leaf добива привилегиран превоз по железница

Ограничениот досег е главниот проблем на електричните автомобили? Не е ако тие се качат на воз и се превезуваат по повластена цена на оддалеченост и до 900 километри. Сé е до организацијата.

Дваесет примероци од електричниот Nissan Leaf денес се качија на железничката композиција за превоз на автомобили од Ница до Париз, како промоција на новата услуга што Nissan ја нуди во партнерство со француската железничка компанија SNCF. Овој авто-воз годишно превезува околу 65.000 автомобили и сопствениците на Nissan Leaf отсега можат да го користат по посебна тарифа, во договор со производителот. На тој начин, возилото може да се пренесе со полни батерии до која било станица на железничката релација меѓу Ница и Париз, па дури и бесплатно да се наполнат батериите на полначите поставени на железничките станици.

Понудата е навистина привлечна. Превозот во една насока е бесплатен, додека за повратокот се плаќа само 30 проценти од цената. Автомобилот едноставно се остава на една од 12-те железнички станици на SNCF, а по потреба може и бесплатно да се дополнат батериите, пред тој да се натовари на воз.

Превозот во еден правец е бесплатен, за повратната карта се плаќа 30% од цената

Авто-возот ги поврзува Париз, Ница, Авињон, Лион, Биариц, Марсеј, Бордо, Нарбона, Ст. Рафаел, Тулон и Тулуз, овозможувајќи им на клиентите да го пренесат својот автомобил до повеќето туристички дестинации во Франција.

nissan leaf zeleznicaПо пристигањето остануваат 250 километри за возење со капацитетот на батериите на Nissan Leaf. Јапонскиот производител неодамна изврши надградба на електричниот автомобил со батерии со поголем капацитет, со 30 место 24 киловатчасови, со што досегот с зголеми за повеќе од една четвртина. Покрај услугата на SNCF, сопствениците на електричниот Nissan можат да ги полнат батериите бесплатно на повеќе железнички станици и аеродроми низ цела Европа.

Европската продажба на новиот Leaf со батерии од 30 kWh ќе стартува во јануари. Производството на моделот се одвива во фабриката на Nissan во Сандерленд, Велика Британија. Наскоро ќе бидат познати и цените за моделот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Cadillac го нуди кросоверот XT5 како конкурент на Audi Q5 и Mercedes GLE

Kia Cadenza: Корејска престижна лимузина за светскиот пазар