Британскиот специјалист за теренци тестира верзија на непокорливиот Defender со погон на струја. Возилото моментно е ангажирано како влеча за четири патнички вагони.
Како марка што е изразната во природата, Land Rover возвраќа со грижа за нејзино зачувување. Британците веќе ги префрлија новите генерации на моделите Range Rover и Range Rover Sport на лесна алуминиумска платформа, во тек е развој на хибридни модели. Електричниот Defender е подвижна лабораторија за развој на нови идеи и за тестирање на погонот на струја во секојдневни услови. Шест примероци од него ќе се испорачаат на разни организации.
Еден примерок е ангажиран во проектот Идн, каде што влече четири вагони за 60 патници по нагорнини до 6 проценти до легендарните куполи во хексагонална форма. Возилото се користи секојдневно, а полнењето на батериите преку ноќ чини само две фунти.
Електричниот Defender ги поседува сите квалитети и перформанси што се препознатлив белег на Land Rover. Тој има погон на сите тркала, проодност по сите терени и постигнува крајна брзина од 112 километри на час. Батериите се полнат кога возилото се спушта по надолнина и на тој начин се повраќаат до 80 проценти од енергијата. При секое спуштање до проектот Идн, до 30 киловати се враќаат во батериите. Досегот изнесува 80 километри, што значи дека на крајот на осумчасовното работно време останува резерва во батериите за уште 20 километри. Батериите се полнат за 10 часови.