Електричната Tesla во Норвешка се продава подобро од Golf

Продажбата на новата лимузина на специјалистот за погон на струја ги надмина сите очекувања во Норвешка. Tesla S е најпродаван модел, Golf е дури на второто место.

Во периодот од почетокот на август до средината на овој месец, во Норвешка се продадоа 322 примероци од Tesla Model S. Со тоа, лимузината со погон на струја е најпродаван модел во овој период, пред Golf, кој се продаде во 256 примероци. Учеството на Model S во вкупната продажба на автомобили во кралството на електричните автомобили достигна дури 6,2 проценти во последниве триесетина денови. Причината за високите бројки е тоа што голем број од клиентите што го нарачаа новиот модел на Tesla го добија возилото во периодот.

Претходна објаваVolkswagen подготвува евтин конкурент за Audi Q7
Следна објаваВраќање на Disco Volante: Летачката чинија на Alfa Romeo

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here