за , ,

Електричната револуција јури под полн напон: Над 20 модели со погон на струја

Големите производители на автомобили во моментов нудат дури 18 модели со погон на струја на европскиот пазар. Секој ден на континентот се продаваат над 500 електрични автомобили, вклучувајќи ги плагин-хибридите. Во последнава година електричниот бран зафаќа засилен замав. Падот на цените овозможува вградување поголеми батерии, досегот расте.

Ако до пред неколку години уште владееше недоверба во електричниот погон, годинава конечно се потврдува дека моделите со погон на струја повеќе не смеат да отсуствуваат во понудата на големите производители. BMW, Renault и Nissan покажаа дека натаму ќе биде многу полесно. Цените на батериите продолжуваат да паѓаат, производителите вградуваат поголеми батерии, досегот се продолжува.

„Народските“ електромобили моментно со досег до 400 km, в година до 500 km

Сите три марки претставија дополнителни верзии од своите електрични модели. Nissan го понуди шампионот Leaf во верзија со батерија од 30 kWh, покрај стандардната со 24 kWh, со што го продолжи досегот на 240 километри, BMW i3 исто така е достапен во „посилна“ верзија со 27,2 kWh и досег до 300 километри, додека Renault Zoe E400 го постигнува тоа што му е напишано во името – вози до 400 километри со едно полнење.

Во реални услови, францускиот компакт ќе извози 300 километри, но и тоа не е малку. В година, овој праг ќе се помести повторно, со Opel Ampera-e, за којашто производителот ветува 500 теоретски километри. Сите овие автомобили се во ценовниот опсег што е „достапен“ за релативно широк круг купувачи, особено кога ќе се земат во предвид субвенциите за електричниот погон во речиси сите држави во ЕУ.

Сите три модели на smart се достапни во верзија electric drive

На спротивниот ценовен крај и натаму владее Tesla, со десетина варијации во капацитетот на батериите и моќноста на погонот во класичарот Model S и во кросоверот Model X. Калифорнискиот специјалист ветува дека в година ќе стартува со продажба на новиот Model 3, со половина цена од постоечките модели на Tesla.

Hyundai Ioniq е најголемиот конкурентски предизвик на Корејците досега

Во меѓувреме, Smart стана прва марка чијашто цела моделска понуда е достапна и во верзии со електричен погон. Mercedes, Audi и BMW најавуваат нова трка во електромобилноста, додека корејскиот Hyundai прави чекор што ја „затресува“ целата бранша, со претставувањето на Ioniq, достапен во електрична и во плагин-хибридна изведба.

Македонија исто така веќе ја пишува историјата на електромобилноста. Првиот електричен автомобил од големосериски производител во редовна продажба на македонскиот пазар е Mitsubishi Electric Vehicle, канцеларијата на скопскиот градоначалник користи електричен Nissan Leaf, додека ПроКредит Банка располага со возен парк од пет електрични автомобили Volkswagen e-Up.

https://automedia.mk/objavi/17530

Во продолжение се повеќе од 20 модели што се движат чисто на струја. Плагин-хибридите или приклучните хибриди не се наоѓаат во овој преглед. Со нив, возилата со електричен погон веќе достигнуваат бројка од шеесет најразлични модели. Во деталниот преглед се наведени цените на моделите за германскиот пазар, заради споредба.

BMW i3 (60 Ah)

BMW i3

Почеток на продажба ноември 2013, Цена 34.950 евра, моќност 170 КС, најголем вртежен момент 250 Nm, погон назад, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 400 х 176 х 158 cm, форма на каросерија комбилимузина со 5 врати, големина на багажник 260/1100 литри, тежина на празно возило 1280 kg, забрзување 0-100 km/h за 7,2 секунди, крајна брзина 150 km/h, потрошувачка на енергија 12,9 kWh/100 km, големина на батерија 18,8 kWh, досег со полни батерии 190 километри, гаранција на батерии 8 години или 100.000 km, Времетраење на полнење: Со сопствен полнач (2,3 kW) за 6-8 h, на обичен полнач за 3h, на брз полнач за 30 min (до 80% од капацитет).

Од јули годинава е достапна и верзија со батерија од 94 Ah место стандардната од 60 Ah, со доплата од 1.200 евра. Перформансите се непроменети (7,3 секунди до сто, 12,6 kWh/100 km), тежината расте за 40 kg, но капацитетот зголемен на 27,2 kWh го продолжува реалниот досег до 300 km.

Втора опција е т.н. продолжувач на досегот, односно вградување двоцилиндарец преземен од скутерот BMW C 600, со задача да го движи генераторот, кој ја полни батеријата. Во тој случај, BMW i3 работи како сериски хибрид, односно без „врска“ меѓу моторот и погонските тркала. Досегот се зголемува, но и цената. Range Extender чини 4.500 евра.

Citroen C-Zero

Citroen C-Zero

Почеток на продажба декември 2010, Цена 19.800 евра, моќност 67 КС, најголем вртежен момент 196 Nm, погон назад, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 348 х 148 х 161 cm, форма на каросерија комбилимузина со 5 врати, големина на багажник 166/860 литри, тежина на празно возило 1140 kg, забрзување 0-100 km/h за 15,9 секунди, крајна брзина 130 km/h, потрошувачка на енергија 12,6 kWh/100 km, големина на батерија 14,5 kWh, досег со полни батерии 140 километри, гаранција на батерии 8 години или 100.000 km. Времетраење на полнење: На сопствен полнач (2,3 kW) за 12-13 h, на обичен полнач за 6h, на брз полнач за 30 min (до 80% од капацитетот).

Citroen E-Mehari

Citroen e-Mehari

Почеток на продажба октомври 2016, Цена 24.790 евра, моќност 68 КС, најголем вртежен момент Nm, погон напред, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 381 х 173 х 166 cm, форма на каросерија кросовер со 2 врати, големина на багажник 200/800 литри, тежина на празно возило 1480 kg, забрзување 0-100 km/h за – секунди, крајна брзина 110 km/h, потрошувачка на енергија 15,0 kWh/100 km, големина на батерија 30 kWh, досег со полни батерии 140 километри, гаранција на батерии 8 години или 100.000 km. Времетраење на полнење: На сопствен полнач (2,3 kW) за 8-13 h.

Ford Focus Electric

Ford Focus Electric

Почеток на продажба јули 2013, Цена 34.900 евра, моќност 145 КС, најголем вртежен момент 250 Nm, погон напред, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 436 х 183 х 149 cm, форма на каросерија комбилимузина со 5 врати, големина на багажник 237/800 литри, тежина на празно возило 1700 kg, забрзување 0-100 km/h за 11,4 секунди, крајна брзина 137 km/h, потрошувачка на енергија 15,4 kWh/100 km, големина на батерија 23 kWh, досег со полни батерии 162 километри, гаранција на батерии 5 години или 100.000 km. Времетраење на полнење: На сопствен полнач (2,3 kW) за 6,5h.

Hyundai Ioniq Electric

Hyundai Ioniq Electric

Почеток на продажба ноември 2016, Цена 33.300 евра, моќност 120 КС, најголем вртежен момент 295 Nm, погон напред, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 447 х 182 х 145 cm, форма на каросерија комбилимузина со 5 врати, големина на багажник 350/1410 литри, тежина на празно возило 1495 kg, забрзување 0-100 km/h за 9,9 секунди, крајна брзина 165 km/h, потрошувачка на енергија 11,5 kWh/100 km, големина на батерија 28 kWh, досег со полни батерии 280 километри, гаранција на батерии 5 години или 200.000 km. Времетраење на полнење: На обичен полнач (6,6 kW) за 4,5h, на брз полнач (50 kW) за 30 min, (100 kW) за 23 min.

Kia Soul EV

Kia Soul EV

Почеток на продажба декември 2014 (фејслифт 07/2016), Цена 28.890 евра, моќност 110 КС, најголем вртежен момент 285 Nm, погон напред, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 414 х 180 х 160 cm, форма на каросерија комбилимузина со 5 врати, големина на багажник 281/891 литри, тежина на празно возило 1565 kg, забрзување 0-100 km/h за 11,2 секунди, крајна брзина 145 km/h, потрошувачка на енергија 14,7 kWh/100 km, големина на батерија 27 kWh, досег со полни батерии 212 километри, гаранција на батерии 7 години или 150.000 km. Времетраење на полнење: На обичен полнач за 5h, на брз полнач за 33 min.

Mercedes B 250 Electric Drive

Mercedes B 250 Electric Drive

Почеток на продажба ноември 2014 (фејслифт 07/2015), Цена 39.151 евра, моќност 180 КС, најголем вртежен момент 340 Nm, погон напред, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 440 х 179 х 156 cm, форма на каросерија ван со 5 врати, големина на багажник 501/1456 литри, тежина на празно возило 1725 kg, забрзување 0-100 km/h за 7,9 секунди, крајна брзина 160 km/h, потрошувачка на енергија 16,6 kWh/100 km, големина на батерија 28 kWh, досег со полни батерии 200 километри, гаранција на батерии 8 години или 100.000 km. Времетраење на полнење: –

Mitsubishi Electric Vehicle

Почеток на продажба декември 2010, Цена 23.790 евра (Цена во Македонија: 25.980 евра), моќност 67 КС, најголем вртежен момент 180 Nm, погон назад, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 348 х 148 х 161 cm, форма на каросерија комбилимузина со 5 врати, големина на багажник 166/860 литри, тежина на празно возило 1185 kg, забрзување 0-100 km/h за 15,9 секунди, крајна брзина 130 km/h, потрошувачка на енергија 12,5 kWh/100 km, големина на батерија 14,5 kWh, досег со полни батерии 130 километри, гаранција на батерии 5 години или 100.000 km. Времетраење на полнење: –

Nissan Leaf

Nissan Leaf

Почеток на продажба јуни 2013, Цена 29.265 евра (со изнајмување изнајмување батерија 23.365), моќност 109 КС, најголем вртежен момент 254 Nm, погон напред, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 445 х 177 х 155 cm, форма на каросерија комбилимузина со 5 врати, големина на багажник 370/720 литри, тежина на празно возило 1580 kg, забрзување 0-100 km/h за 11,5 секунди, крајна брзина 144 km/h, потрошувачка на енергија 15,0 kWh/100 km, големина на батерија 24 kWh, досег со полни батерии 199 километри, гаранција на батерии 5 години или 100.000 km

Leaf се нуди и во верзија со батерија од 30 kWh и цена од 34.385 евра, односно 28.485 доколку батеријата се изнајмува. Досегот се зголемува на 250 km. Времетраење на полнење: Со сопствен полнач (2,3 kW) за 12,5h, на обичен полнач (6,6 kW) за 4,5h, на брз почнач за 20 min.

Nissan e-NV200

Nissan e-NV200

Почеток на продажба јули 2014 (фејслифт 04/2016), Цена 30.119 евра, моќност 109 КС, најголем вртежен момент 254 Nm, погон напред, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 456 х 176 х 185 cm, форма на каросерија ван со 5 врати, големина на багажник до 3100 литри, носивост 644 kg, тежина на празно возило 1606 kg, забрзување 0-100 km/h за 14 секунди, крајна брзина 123 km/h, потрошувачка на енергија 16,5 kWh/100 km, големина на батерија 24 kWh, досег со полни батерии 170 километри, гаранција на батерии 5 години или 100.000 km. Времетраење на полнење: На сопствен полнач (2,3 kW) за 10h, на обичен полнач (6,6 kW) за 3,5h, на брз полнач за 30 min.

Nissan e-NV200 е достапен и во верзија со 30 kWh, вклучувајќи опција за изнајмување на батеријата.

Peugeot iOn

Peugeot iOn

Почеток на продажба декември 2010, Цена 19.800 евра, моќност 67 КС, најголем вртежен момент 196 Nm, погон назад, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 348 х 148 х 161 cm, форма на каросерија комбилимузина со 5 врати, големина на багажник 166/860 литри, тежина на празно возило 1140 kg, забрзување 0-100 km/h за 15,9 секунди, крајна брзина 130 km/h, потрошувачка на енергија 12,6 kWh/100 km, големина на батерија 14,5 kWh, досег со полни батерии 130 километри, гаранција на батерии 8 години или 100.000 km. Времетраење на полнење: –

Renault Twizy

Renault Twizy

Почеток на продажба април 2012 (фејслифт 08/2015), Цена 6.950 евра, моќност 5 КС, најголем вртежен момент 33 Nm, погон напред, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 234 х 112 х 147 cm, вид на возило квадрицикл, големина на багажник – литри, тежина на празно возило 548 kg, носивост 137 kg, забрзување 0-100 km/h за секунди, крајна брзина 45 km/h, потрошувачка на енергија 5,8 kWh/100 km, големина на батерија 6,1 kWh, досег со полни батерии >80 километри, гаранција на батерии 5 години или 100.000 km.

Посилната верзија на Twizy располага со 18 КС, но ист капацитет на батерија: 7650 евра, 18 КС, 57 Nm, 562 kg (носивост 128 kg), 80 km/h, потрошувачка 6,3 kWh/100 km, досег 80 km. Обете верзии се достапни и како Cargo.

Renault Zoe

Renault Zoe

Почеток на продажба јуни 2013 (фејслифт 10/2016), Цена 30.100 евра (со изнајмување батерија 22.100 евра), моќност 88 КС, најголем вртежен момент 220 Nm, погон напред, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 409 х 173 х 157 cm, форма на каросерија комбилимузина со 5 врати, големина на багажник 338/1225 литри, тежина на празно возило 1503 kg, забрзување 0-100 km/h за 13,2 секунди, крајна брзина 135 km/h, потрошувачка на енергија 13,3 kWh/100 km, големина на батерија 22 kWh, досег со полни батерии 240 километри, гаранција на батерии 5 години или 100.000 km, poln stand 7,5 h, 0,5 h na 43 kW

Втората верзија е Renault Zoe R400, со батерии од 41 kWh, достапна само со договор за изнајмување на батеријата: 22100 евра, 1518 kg, капацитет 41 kWh, досег 400 km.

Renault Kangoo ZE

Renault Kangoo Maxi ZE

Почеток на продажба ноември 2011, Цена 24.157 евра, моќност 60 КС, најголем вртежен момент 226 Nm, погон напред, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 422 х 183 х 185 cm, форма на каросерија фургон со 4 врати и 2 седишта, големина на багажник до 3.500 литри, тежина на празно возило 1483 kg, забрзување 0-100 km/h за 20,3 секунди, крајна брзина 130 km/h, потрошувачка на енергија 15,5 kWh/100 km, големина на батерија 22 kWh, досег со полни батерии 170 километри, гаранција на батерии 5 години или 100.000 km, Времетраење на полнење: На обичен полнач 7 h.

Дополнителни изведби: Kangoo Maxi со продолжена кабина, патничка изведба со 5 седишта.

smart fortwo electric drive

smart fortwo electric drive

Почеток на продажба март 2017, Цена 21.490 евра, моќност 81 КС, најголем вртежен момент 160 Nm, погон назад, димензии на каросерија (Д х Ш х В) cm, форма на каросерија мини, големина на багажник , тежина на празно возило kg, забрзување 0-100 km/h за 11,5 секунди, крајна брзина 130 km/h, потрошувачка на енергија 12,9 kWh/100 km, големина на батерија 17,6 kWh, досег со полни батерии 160 километри, гаранција на батерии – . Времетраење на полнење: На сопствен полнач 6 h, на обичен полнач 3,5 h, на брз полнач 45 min (22 kW)

smart fortwo cabrio electric drive

smart cabrio electric drive

Почеток на продажба март 2017, Цена 25.200 евра, моќност 81 КС, најголем вртежен момент 160 Nm, погон назад, димензии на каросерија (Д х Ш х В) cm, форма на каросерија мини, големина на багажник , тежина на празно возило kg, забрзување 0-100 km/h за 11,8 секунди, крајна брзина 130 km/h, потрошувачка на енергија 13,0 kWh/100 km, големина на батерија 17,6 kWh, досег со полни батерии 155 километри, гаранција на батерии. Времетраење на полнење: На сопствен полнач 6 h, на обичен полнач 3,5 h, на брз полнач 45 min (22 kW).

smart forfour electric drive

smart forfour electric drive

Почеток на продажба март 2017, Цена 22.600 евра, моќност 81 КС, најголем вртежен момент 160 Nm, погон назад, димензии на каросерија (Д х Ш х В) cm, форма на каросерија комбилимузина, големина на багажник , тежина на празно возило kg, забрзување 0-100 km/h за 12,7 секунди, крајна брзина 130 km/h, потрошувачка на енергија 13,1 kWh/100 km, големина на батерија 17,6 kWh, досег со полни батерии 155 километри, гаранција на батерии . Времетраење на полнење: На сопствен полнач 6 h, на обичен полнач 3,5 h, на брз полнач 45 min (22 kW).

Tesla Model S 60

Tesla Model S

Почеток на продажба јуни 2016, Цена 76.600 евра, моќност 320 КС, најголем вртежен момент 440 Nm, погон назад, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 497 х 197 х 144 cm, форма на каросерија купе-лимузина, големина на багажник 745/1645 литри, тежина на празно возило 2175 kg, забрзување 0-100 km/h за 5,8 секунди, крајна брзина 210 km/h, потрошувачка на енергија 15,0 kWh/100 km, големина на батерија 60 kWh, досег со полни батерии 338 километри, гаранција на батерии 8 години. Времетраење на полнење: На сопствен полнач 17 h, на обичен полнач 3,5 h (22 kW), на брз полнач 35 min (120 kW).

Останати изведби: S 75, S 60D и S 75D, S 90D, S P90D и S P100D. Врвната изведба: 611 КС, 967 Nm, 0-100 km/h за 2,7 секунди, капацитет 100 kWh, досег 613 km, цена 152.000 евра)

Tesla Model X 75D

Tesla Model X

Почеток на продажба август 2016, Цена 102.500 евра, моќност 332 КС, најголем вртежен момент 525 Nm, погон на сите тркала, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 504 х 200 х 169 cm, форма на каросерија кросовер, големина на багажник до 2180 литри, тежина на празно возило 2389 kg, забрзување 0-100 km/h за 6,2 секунди, крајна брзина 210 km/h, потрошувачка на енергија kWh/100 km, големина на батерија 75 kWh, досег со полни батерии 417 километри, гаранција на батерии 8 години. Времетраење на полнење: На сопствен полнач 19,8 h, на обичен полнач 3,8 h (22 kW), на брз полнач 41 min (120 kW).

Volkswagen e-Up

Volkswagen e-Up

Почеток на продажба август 2016, Цена 26.900 евра, моќност 82 КС, најголем вртежен момент 210 Nm, погон напред, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 360 х 165 х 150 cm, форма на каросерија комбилимузина со 5 врати, големина на багажник 250/923 литри, тежина на празно возило 1229 kg, забрзување 0-100 km/h за 12,4 секунди, крајна брзина 130 km/h, потрошувачка на енергија 11,7 kWh/100 km, големина на батерија 18,7 kWh, досег со полни батерии 160 километри, гаранција на батерии 8 години или 160.000 km. Времетраење на полнење: На сопствен полнач 9 h, на обичен полнач 6 h (3,7 kW), на брз полнач 30 min.

Volkswagen e-Golf

Volkswagen e-Golf

Почеток на продажба (наскоро следува модел со фејслифт и досег до 300 km), Цена 34.900 евра, моќност 115 КС, најголем вртежен момент 270 Nm, погон напред, димензии на каросерија (Д х Ш х В) 427 х 180 х 145 cm, форма на каросерија комбилимузина со 5 врати, големина на багажник 341/1231 литри, тежина на празно возило 1585 kg, забрзување 0-100 km/h за 10,4 секунди, крајна брзина 140 km/h, потрошувачка на енергија 12,7 kWh/100 km, големина на батерија 24,2 kWh, досег со полни батерии 190 километри, гаранција на батерии 8 години или 160.000 km. Времетраење на полнење: На сопствен полнач 10 h (2,3 kW), на обичен полнач 8 h (3,7 kW), на брз полнач 30 min.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Специјална серија од Mazda MX-5 RF ќе биде достапна само онлајн

Audi ќе претстави уште седум нови модели со значката RS