за ,

Електричен моноцикл за акробати

Погонот на струја освои многу превозни средства: Автомобили, мотоцикли, велосипеди, па дури и автобуси. Електромоторот отсега работи и во најосновното превозно средство – во моноцикл

Тежи 12 килограми, вози на струја, не испушта ниту грам штетни гасови и може да се остави покрај бирото на работа. SBU S3 е најнеобичен начин секојдневното патување до работното место да се направи возбудливо и забавно – придружено со малку циркуска акробатика. Моноциклот конструиран од американската фирма Focus Designs е уште пооткачен од Segway. Според производителот, секој може за најмногу половина час да научи да балансира на нивното возило.

sbu-v2-user-05

Self-Balancing Unicycle, од каде што и доаѓа ознаката, се движи на струја и се управува со поместување на тежината – без потреба од педали. При возењето, стопалата се држат на потпирачите. Ако телото се помести нанапред, моноциклот оди напред, ако се помести наназад, запира. Тоа е функцијата на жироскопските сензори. За сопирањето се грижи електрична моторна сопирачка, која воедно ги полни и батериите.

SBU издржува до 145 килограми и може да се вози најбрзо 25 километри на час. Забрзувањето од место до 10 километри на час трае само две секунди, а вградените батерии овозможуваат возење до 16 километри. Моноциклот е висок 70 и широк 20 сантиметри, а дополнително може и да се склопи, при шро висината изнесува само половина метар. Како и вообичаено, проблем е само цената: 1.900 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Петтиот (транспортен) елемент!

Возачите на BMW прават најмногу прекршоци во сообраќајот