
Произведените делови од добавувачот Scherm пристигаат во фабриката на BMW во Минхен со камион што вози само на струја. Ова е единствен случај во Европа, камион од 40 тони да користи исклучиво погон на батерии.
Меѓу фабриката на BMW во Минхен и погоните на добавувачот Scherm циркулира 40-тонски камион што користи исклучиво електричен погон. Возилото е произведено во холандскиот Terberg и прави тури осумпати дневно, разнесувајќи ги амортизерите, пружините, управувачките преносници и други компоненти од возилата до фабриката на баварскиот производител на автомобили. Со тоа, BMW е прв производител во Европа кој користи 40-тонски камион со електричен погон за транспорт на материјали во јавниот сообраќај.

За полнењето на батериите се користи исклучиво енергија добиена од обновливи извори, што совршено го заокружува еколошкиот и одржлив концепт. Во споредба со камион од 40 тони, електричниот транспортер ја поштедува животната средина од 11,8 тони СО2 за една година. Батериите се полнат за три до четири часови, а возилото потоа може да вози слободно до 100 километри, што практично одговара за целодневниот ангажман на камионот, без потреба од дополнително полнење на батериите во текот на работниот ден.















