за

Ексклузивната серија на A45 AMG во Мак Аутостар

Ниту повеќе ниту помалку туку точно 360 кс поседува моќниот Mercedes-Benz А 45 AMG, модел кој е вистински уникат и по вкус на оние кои сакаат многу коњи и врвен дизајн.

Во Македонија пристигна моделот од ограничената серија А 45 AMG Edition 1 и e единствен кај нас, но и во другите земји од регионот и за истиот постои посебна процедура на нарачка, со што и испораката трае неколку месеци. Моторот се изработува рачно од страна на Mercedes спортската марка AMG, а се вршат и серија други доработки на возилото.

Инаку, станува збор за AMG 2.0-литарски турбо мотор со 4 цилиндри, кој развива 360 кс и вртежен момент од дури 450 Nm, перформанси што го прават да биде автомобил од компактната класа, со најмоќниот 4-цилиндричен мотор во светот. До 100 км/час забрзува за неверојатни 4,6 секунди, со крајна брзина која е електронски ограничена на 250 км/час, додека комбинираната потрошувачка на гориво е само 6,9 литри на 100 км. Цената на овој исклучителен модел почнува од 52.000 евра.

Техника за врвни спортисти

Четирицилиндарскиот турбо извлекува 360 КС од само два литра зафатнина, од каде што произлегува специфична силина од 181 КС по литар, моментно врвна вредност во класата на моторот. Во моторот се користат бројни технологии што беа воведени во битурбо V8 од 5,5 литри, меѓу кои директно впрскување на горивото со пиезо инјектори поставени средишно во комората за согорување, турбополнач Twinscroll, интеркулер со комбинирано ладење со вода и воздух или алуминиумски блок излеан во песочен калап.

A 45 AMG поседува погон на сите тркала 4Matic, кој е ориентиран кон постигнување поголема динамика во возењето. Ламеластата спојка со електрохидраулична регулација што е дотерана во AMG овозможува променлива распределба на вртежниот момент. Во зависност од условите на возење може да се постигне од чист преден погон до рамномерна распределба на вртежниот момент меѓу двете оски.

Работата на погонот на сите тркала може да се регулира преку тристепената програма за стабилност, односно да се избере максимална безбедност или максимална динамика. Другите елементи на спортскиот концепт се спортски менувач со 7 степени AMG SPEEDSHIFT DCT, параметарско управување AMG Sport, спортско подвозје AMG Sportfahrwerk, специјално ладење AMG со дополнителни ладилници во поткрилата, оски AMG, како и спортски систем за сопирање AMG.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Неуништливите: Воени возила за приватна борба со улиците

Профитот на Mazda порасна за 60 проценти!