за

Ексклузивен хотелски апартман на Bentley во Истамбул

По ексклузивниот апартман во њујоршкиот St. Regis, марката Bentley ја продолжува соработката со овој хотелски синџир во Истамбул. Ноќевањето во Bentley Suite чини исто колку малечок користен автомобил.

Во луксузниот хотел The St. Regis во Истамбул од денес може да се букира ексклузивниот апартман на Bentley. Турција е втората земја во којашто овој светски познат синџир хотели отвора апартман во соработка со Bentley. Првиот е во Њујорк. Уредувањето на апартманот е изведено исклучиво рачно, раководејќи се според дизајнерските начела во моделот Continental GT. Подеднакво е екслузивна и глетката од огромниот балкон врз паркот „Мачка“, кон Босфор и кон градот на четирите мориња. Апартманот се состои од дневна и спална соба, две купатила, гардероба и тоалет.

На влезот пречекуваат таван обложен со огледала и мермерен украс на подот, во стил на бандажите на Continental. Ѕидовите во дневниот боравок се обложени со ролован фурнир, прозорците се „од под до таван“. Врвна кожа што се користи во Bentley ја карактеризира и софата, секако и таа изработена рачно и во стилот на моделите на автомобилската куќа. За луксузот се грижат и двата ладилника за шампањ вградени во софата. Горе е поставена светлечка инсталација со изглед на предните светла на Continental.

Отспротива е елегантен бар, изведен од маслиново дрво во стил на кокпитот на Bentley. По отворањето на вратичките се прикажуваат три часовника Breitling, со прикажување на времето во Истанбул, Лондон и Њујорк.

Скапи теписи изработени по специјална нарачка се поставени на подот на спалната соба, со издвоен работен простор и 40-инчен „поп-ап“ телевизор вграден во основата на креветот. Со сите функции во собата се ракува преку iPad и преку панелот на влезот. Купатилото е одвоено со стаклен ѕид, обложено со мермер и со огледало од 19 инчи во коешто се рефлектира телевизиската слика. Постои и второ купатило, издвоено од спаплата соба, уште поголемо и уште поекслузивно. Не се заборавило ниту на озвучувањето. За тоа е повикан британскиот специјалист Naim Audio, истиот снабдувач како за моделите на Bentley.

Цената? „Обичните“ ексклузивни апартмани, како Empire Suite, Caroline Astor Suite или Cosmopolitan Suite, чинат малку повеќе од 3.000 евра за ноќ. Bentley Suite уште малку повеќе.

Погледнете во галеријата како изгледа Bentley Suite во The St. Regis Istanbul

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Rolls-Royce: Теренецот Cullinan влегува во завршно тестирање

Tesla Model S 70D: Отсега со батерија за 400 километри