за

Еден милион примероци од Golf Sportsvan

Од фабриката на Volkswagen во Волфсбург излезе милионитиот примерок од Golf Sportstvan и од претходникот Golf Plus. Ванот на база на Golf е четврти најпроизведуван модел во фабриката.

Во Волфсбург се произведе првиот милион примероци од Golf Sporstvan и од неговиот претходник Golf Plus. Јубилејниот модел е 2.0 TDI BlueMotion Technology со 150 КС, со ниво на опрема Highline и со каросерија лакирана во боја „хабанеро портокалова металик“. По Golf, Tiguan и Touran, ванот на база на Golf е четврти најпроизведуван модел во оваа фабрика.

Серијата Golf Plus/Golf Sportsvan се покажа како вистински погодок уште од стартот во 2004 година. Поголемата кабина и поголемата приспособливост на моделот во споредба со класичниот Golf, исто како и седењето на повисоко и повисокиот покрив ги погодија очекувањата на купувачите. До завршетокот на производството на Golf Plus кон крајот на минатата година се произведоа преку 930.000 примероци од моделот. Наследникот Golf Sportsvan го продолжува успехот и досега е произведен во околу 70.000 примероци.

Главните пазари за семејниот ван се Германија, Франција и Италија. Најпопуларен мотор е 1.4 TSI со 125 КС. Покрај класичниот модел и комбито Golf Variant, компактниот Sportstvan е трета каросериска варијанта во серијата на Golf којашто се базира врз модуларната платформа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Авто-трилинг: Кога три марки го нудат истиот автомобил

Audi A1 поевтинува со новиот трицилиндарски мотор