Европските фабрики работат со најголем капацитет, јапонските заостануваат

Заработката на производителите на автомобили зависи во голема мера од тоа колку се оптоварени фабриките. Европските марки моментно работат речиси со полн капацитет, додека производителите во Јапонија се соочуваат со преголеми производствени капацитети во споредба со побарувачката на пазарот.

Фабриките на производителите на автомобили во Европа работат со значително зголемен капацитет. Погоните во земјите од ЕУ, како и во Турција и Србија, моментно работат со просек од 82 проценти од нивниот полн капацитет. Лани оваа вредност изнесуваше еден процент помалку, додека во 2013 година фабриките за автомобили во Европа во просек работеа со само 68 процентна оптовареност на капацитетите.

Тоа е резултат од стабилизирањето на пазарот, но и од неколкуте затворања на фабрики, коишто доведоа преостанатите погони да работат под полна пареа.

Jaguar Land Rover произведува над границата на сопствените капацитети

По земји, најмногу се оптоварени шпанските фабрики, со 91 проценти, но и германските фабрики работат над европскиот просек, со 88 процентна оптовареност. По одделни производители, Jaguar Land Rover работи над границите на сопствените капацитети, со 109-процентна оптовареност на погоните. Новата фабрика во Словачка ќе помогне во надминување на овој проблем.

Одлично искористување на производствените капацитети постигнуваат Hyundai-Kia со 98 проценти, BMW со 92 проценти, Daimler (90%) и Volkswagen со 87 проценти. Наспроти тоа, јапонските производители се соочуваат со преголеми капацитети. Suzuki постигнува само 45 проценти од максималниот број на возила што може да ги произведе во своите фабрики, Honda искористува 55 проценти и Toyota само 77 проценти.

Претходна објаваInfiniti продолжува со поход на европскиот пазар
Следна објаваHonda NSX против Nissan GT-R на споредбен тест на Auto Bild

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here