Од главните пазари единствено Велика Британија забележа раст во продажбата во минатиот месец, додека другите пазари се во опаѓање.
Со 686.872 нови регистрирани патнички автомобили и лесни доставни возила, европскиот пазар е помал за 4,9 проценти во август во споредба со истиот месец лани. За осум месеци, Европа е во кусок од 5,2 проценти. Од главните пазари, единствено Велика Британија е во раст со 66.937 возила (+10,9%), додека Германија (214.044 возила, -5,5%), Франција (85.953 возила, 10,5%), Италија (52.997, 6,6%) и Шпанија (39.872, 18,3%) и натаму се во пад.
Средните и помалите пазари бележат различни трендови. Продажбата расте во Унгарија, Ирска, Полска, Шведска, па дури и Португалија, исто како и во Австрија, Белгија, Чешка и Словачка. Во Холандија, како пазар кој забележа најголем пад во минатиов период, заостатокот во продажбата се намали на минус 13,3 проценти, но тоа не менува многу во фактот што за осум месеци таму се продадоа дури 31,6 проценти помалку возила.
Од марките, пазарниот лидер Volkswagen е во минус од 16,9 проценти, со 88.091 возила, а по него следат Audi (44.282 возила, -6,4%), Renault (44.122 возила / +1,5%), Ford (42.704/-0,9%) и Opel (42.210/-3,4%). Премиум марките и натаму не знаат за криза: BMW е во голем плус со 39.172 возила (+9,4%), а истото важи и за Mercedes (38.859 возила / +8,5%). Дури потоа следуваат Peugeot со 37.787 возила (-18,1%), Citroen (29.161/-17,7%) и Fiat (27.805/-0,7%). Од марките со средно учество во продажбата најдобро минува Dacia со 21.398 возила во август, што претставува зголемување од 15,7 проценти, но и Mazda може да биде задоволна со продажбата во август со 9.755 возила и плус од рекордни 32,0 проценти.