Еволуција на луксузот според Volvo: Времето е пари

Луксузните марки со соочуваат со најтешките предизвици во историјата. Денес повеќе не е луксуз да се поседува имот, туку да се има слободно време за искуства што го збогатуваат секојдневието. Така покажува истражувањето на Volvo.

Луксузните марки со соочуваат со најтешките предизвици во историјата. Луѓето денес поинаку го доживуваат луксузот отколку пред една деценија или повеќе. Поседувањето имот и воопшто материјалното богатство, повеќе не е класична манифестација на луксузот. Тоа го покажаа првичните резултати од истражувањето за еволуцијата на луксузот што го спроведе шведската престижна марка Volvo.

Истражувањето е сосредоточено на еволуцијата на луксузот низ времето и ќе послужи како основа за натамошната трансформација на марката Volvo. Во шведската марка веруваат дека природата на луксузот е сменета во последната декада и богатството во имот и посед е заменето со поседување слободно време и доживување искуства што го збогатуваат секојдневието. Крајниот извештај ќе биде објавен во почетокот на следната година и укажува дека луксузните марки мора да се „измислат“ одново. Продажбата на производи од нападните брендови забележува драстичен пад во последните години, на сметка на растот на побарувачката за производи од дискретни марки и од производители што се забележливи само за познавачите.

„Времето е пари“ денес вреди повеќе од кога било досега

„Потенцијалот на ‘новиот луксуз’ влијае врз повеќе сектори, не одминувајќи ја и автоиндустријата, но и модата, туризмот и другите луксузни производи и услуги. Извештајот покажува дека повеќето докажани брендови мораат брзо да се приспособат според сменетите искуства и очекувања на потрошувачите,“ цени Бјорн Анвал, шеф на маркетингот и постпродажбата во Volvo.

Потрошувачите денес ги ценат иновативноста, постојаната достапност на мрежата за комуникација, изработката, автентичноста и откритијата. „Ни претстои лансирање на нашата нова лумузина од премиум сегментот S90,” продолжува Анвол. „Сметаме дека ја разбираме природата на новото доживување на луксузот – но, нашите клиенти ќе решат за тоа. Volvo отсекогаш се разликувал. На дизајнот и на севкупното искуство со автомобилите отсекогаш сме пристапувале од  човечка перспектива и веруваме дека придонесува нашите автомобили да стануваат повеќе релевантни.“

Скорешното лансирање на новиот теренец XC90 го потврди статусот на Volvo како вистински играч во премиум сегментот во светската автоиндустрија. Извештајот за еволуцијата на луксузот ќе биде објавен во почетокот на 2016 година, заедно со сопствената визија на Volvo за модерниот автомобилски луксуз.

Претходна објаваVolkswagen им подарува бон од 1.250 долари на американските возачи
Следна објаваFord ги „замрзнува“ своите возила заради подобар квалитет

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here