за

Духот на Rolls-Royce вози со 601 КС

Порано не се знаеше колку КС има Rolls-Royce. Тогаш Британците одговараа: Доволно. Повеќе од доволно! Ghost V има 31 КС повеќе од стандардниот модел, но и од сé друго има повеќе.

Најбританската од сите британски марки и најлуксузната од сите луксузни марки има нов модел во понудата. Rolls-Rouce денес ја претстави верзијата на моделот Ghost со спецификација V, којашто меѓу другото додава уште 31 КС во моторот. Според тоа што дванаесетцилиндарецот од 6,6 литри пушта 570 КС на задните тркала во нормалниот Ghost, во специјалниот модел V следува силина од 601 КС.

Дополнителните КС не менуваат ништо – Ghost веќе ги има премногу

Перформансите не се променија со дополнителните коњски сили. Исто како и досега, првата стотка паѓа по 4,9 секунди, а крајната брзина е ограничена на 250. За крстосувач долг 5,4 метри и тежок 2,5 тони тоа се одлични вредности. Конкуренцијата и натаму мора да се откаже од обидот да го престигне Royce. На Bentley Mulsanne со 512 КС му се потребни 5,3 секунди, а тоа што брзината му достигнува речиси 300 km/h и не е важно повеќе. Во секој случај, достоинствените сопственици на Rolls-Royce не се интересираат за секундите и десетинките на нивните автомобили, поважно им е чајот да е топол и да не се излее на скапата кожа на задната клупа.

Избор меѓу 44.000 бои на каросеријата

„Духовите“ од посебниот вид со спецификација V се препознаваат по страничната ознака на каросеријата. По желба може да се избира меѓу вкупно 44.000 можни бои, колку што се нудат во програмата за индивидуализација Bespoke. Може да се доплати и за хромираните цевки да видат видливи, како и за бандажи од 21 инчи полирани делумно.

Цена: Нешто помалку од 300.000 евра

Специјалниот знак V се гледа и во рачно изработениот ентериер. Истиот е изгравиран на праговите, вшиен е во задниот потпирач за рака и втиснат е во рамката на екранот. За сопственикот на Ghost да биде информиран кога ќе дојде времето за духови, моделите со спецификација V имаат ексклузивен аналоген часовник со црна рамка и бела основа. Rolls-Royce Ghost V-Specification ќе може да се нарачува од јуни и чини околу 280.000 евра, односно околу еден Golf повеќе од стандардниот модел.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Cadillac планира напад на класата Ѕ на Mercedes

Land Rover Defender не се дава на стари денови