за

Дупла порција воздух за турбо кабриолетот на Porsche

Porsche држи ритам. По купето, кабриолетот и турбото, сега доаѓа на ред турбо кабриолетот – во две варијанти и со моќност до 560 КС.

По фабричка цена од 146.000 евра, од декември стартува продажбата на турбо варијантите на Porsche 911 Cabriolet. Покрај основниот модел со 520 КС, на располагање е и изведбата S со дополнителни 40 КС. За неа се потребни најмалку 175.000 евра, без ДДВ.

P13_0708

Моторот е познат од турбо купето, со работна зафатнина од 3,8 литри, во комбинација со седумстепен менувач со двојна спојка и систем старт-стоп кој го гасне моторот при секое отпуштање на педалот загас, заради пониска потрошувачка на гориво. Ако тоа некому е важно, актуелниот турбо троши во просек 9,9 литри, додека претходникот со 530 КС бараше награда од 11,5 литри гориво на сто километри.

Исто како и порано, 911 Turbo има погон на сите тркала. Станува збор за преработениот погон на сите тркала кој доживеа премиера во моделите Carrera 4. Системот со електронски регулирана ламеласта спојка пренесува повеќе сила на предните тркала по потреба. Тежиштето во секој случај е на брзината. Тогаш Turbo спринтува за 3,5 секунди до сто, додека на Turbo S му се потребни 0,3 секунди помалку. Крајната брзина на вториов изнесува 318 километри на час.

P13_0707

За прв пат во кабриолетот се добива управувана задна оска, заради подобрување на управливоста. При бавно возење, задните тркала се вртат во спротивен правец од предните, за паркирањето и маневрирањето да бидат полесни. Над 80 km/h задните тркала се вртат во истиот правец со предните и на тој начин се подобрува стабилноста при високи брзини.

Преклопливиот метален покрив е идентичен со послабите варијанти на кабриолетот и новитетот кај него е во тоа што силуетата со подигнат покрив за прв пат е иста како кај купето. Покривот е обложен со платно и однадвор изгледа класично. За отворање и затворање се потребни 13 секунди, и таа процедура може да се изврши во возење до брзина од 50 километри на час.

Како и досега, најсилниот 911 се препознава по широките задни крила и класичниот заден спојлер, со три степени на местење. Во комбинација со активниот преден спојлер, на тој начин значително се зголемува потисокот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Електриката е најголем непријател на користените возила

Volkswagen подготвува евтин конкурент за Audi Q7