за

До 2020 година Кина ќе стане најголем пазар за луксузни возила

Аналитичарите на консултантската фирма McKinsey предвидуваат дека Кина наскоро ќе го престигне пазарот во САД како најголем пазар за луксузни автомобили.

Кина веќе е најголем пазар за автомобили во светот, но од 2020 година тој може да стане и најголем, а со тоа и најважен пазар за моделите од престижните марки. Моментно во САД се продаваат најмногу возила од сегментот на Mercedes и Lexus. Во минатата година, азиската земја прими 1.246.000 возила од престижните марки, а до 2020 година оваа бројка ќе се зголеми за повеќе од двојно. Според аналитичарите, овој дел од пазарот ќе расте во Кина со годишна стапка од 12 проценти, што е повеќе од предвидениот раст на целиот пазар од 8 проценти.

 

Во минатата година во САД се продадоа околу 1,7 милион возила од благородните марки. И тој пазар е во раст, но не толку како кинескиот. За САД, аналитичарите предвидуваат раст од четири проценти годишно. Според прогнозата, во 2020 година во САД ќе се продаваат 2,3 милион возила, односно околу 700.000 возила помалку отколку во Кина.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот бензинец на Opel стартува во Zafira

аквапланинг

Гумите со продолжена автономија ги надминаа детските болести