Организацијата Red Dot ги избра најдобро дизајнираните продукти за 2015 година. Тимот експерти оценуваше дури 1.240 продукти, од кои највисоката награда ја добија само 81 производ. Единаесет се автомобили.
Меѓународното жири на организацијата Red Dot, во јубилејната 60-та година од постоењето го оценуваше дизајнот на 1.240 продукти од различни категории. Жирито е составено од 38 експерти од 25 држави, коешто продуктите ги оценува според функционалноста, степенот на иновативност, квалитетот на формата, еколошката подносливост и уште низа други критериуми. По строгата селекција отпаднаа 3.500 предложени продукти. За уште поголема веродостојност во оценувањето, продуктите во оваа година беа поделени на 31 категорија.
Ова се добитниците на наградата за најдобар дизајн меѓу автомобилите за 2015 година:
















