Дисплеј ја забавува испораката на теренците на Porsche

Дисплејот на системот за комуникација PCM 4.0 што е честа опција за купувачите на Cayenne и Macan дополнително ја вжештува летната атмосфера за Porsche. Добавувачот не може да достаса, испораката на теренците се одложува и до два месеца.

Спортската марка од Цуфенхаузен уште од јуни ја оддолжува испораката на повеќето модели за шест до осум недели. Причина за доцнењето со испораката е тесното грло во производството кај неколку добавувачи на компоненти за системот за комуникација Porsche Communication Management 4.0. Од проблемот најмногу се погодени спортските теренци Cayenne и Macan.

Проблемите со капацитетите во фабриката во Лајпцих, каде што се произведуваат спортските теренци, го присилија Porsche привремено да го „прескокне“ вградувањето на популарниот систем за комуникација PCM директно во производствениот процес. Истиот ќе се вградува откако возилата ќе ги напуштат производствените хали, директно пред испораката на возилата до дилерите или до купувачите – како што ќе стасуваат готовите модули за вградување од добавувачите.

Porsche во меѓувреме работи на обезбедување на заменски возила за купувачите што ќе мораат да чекаат повеќе недели на испораката на нивното ново возило. Необичниот проблем се очекува да биде надминат веќе пред завршетокот на август.

Претходна објаваTesla ќе произведува и камиони со електричен погон
Следна објаваКонцернот Volkswagen светски лидер по првото полугодие

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here